Исто е и кај мене... Поминаа 3 недели а едната страна ме боли, пече ама не дирек на шиеното туку ко два прста над него. А и ова крварењето ме убива. Имав 10 дена сите можни бои ги смени па го снема. После дќнеколку дена дојде наеднаш па пао го снема. После ко коагулитана крв цели парчиња па ги снема. Денес пак гледам на влошката крв еднаш темна еднаш светла. Малку да постојам повеќе и одма крв. Утре сум на доктор и стравувам да не ме прати на киретажа.
Прегледот беше вагинален и траеше дури цели 3 ипол секунди, уште толку потроши да ми каже само дека матката е као ок, другото му беше честитки и испраќање. Ни да каже нешто ни бутур ни ништо. Ја трчам по него прашувам тој ме испраќа. Му викам имав комплициран царски да ми објасни, тогаш му текна да прочита што ми пишува во мутерпасот и ми вика што си чекала толку долго да се пораѓаш. Џизс! На крај и ја крива. А кај беше тој да советува бременоста ми ја водеше, тој е доктор или ја? Си заминав. Ќе барам нов гинеколог и ќе одам на преглед наскоро пак. Овој за к*р не го бива. Слепец. Ништо не ми кажа. Нит па имав шанса да прашам. Ни дали е нормално што ме боли уште, ни дали имам дијастаза провери, ни за резот нешто рече. Нит па имав шанса да прашам за вежбање. Не знам која среќа ваков да ми се погоди Среќа завршив со него. 2 прста паралелно над резот е оној вистинскиот рез затоа те боли. Така е секаде. Тој надворешниот е ниско, да се скрие со гаќи, да не се гледа. Внатрешно сечат паралелно повисоко и затоа повисоко те боли. И мене ме боли од едната страна поише, знам од минатиот пат дека е нормално. Исто не се секирај за крварењето. Овој пат имав само крв, ама минатиот пат исто сменив секакви исцедоци цели 52 дена и беше сосем нормално.
Многу ја фалат Данева, не ја знаев претходно, додека одев на контроли во ГАК видов дека имаше доста пациенти кај неа, мн внимателно и професионално се однесуваше. Со лесно каде и да одлучиш. Царици, кога правевте прва депилација? Да чекам 40 дена или више?
И мене десната страна ме боли каде што завршуваше конецот. Не над или под. Баш таму кај конецот. Знаете ли некоја зошто со првото бебе не ми вадеа конци а сега ми вадеа?
Валгда имаат различен тендер за конци. Претходно од тие што се топат сами може имале, сега обични. Во Ск, на Гак користат конец што се топи, а во Чаир вадат конци....Чисто за илустрација.
Ти пишала Ели фино, вајда секаде различна пракса И мене со првото на ГАК уште пред 10 год со лепенка ми беше ранта и не вадеа конци, а сега во Систина ми вадеа конец и раната надворешно изгледа многу поинаку од минатиот пат. Ќе видиме како ќе биде ко ќе заздрави целосно по некое време
Во Чаир бев јас, не ми вадеа конци, лепена рана, од страните се гледаше конче. Зависи дали лепена или шиена ама и лепената мислам дека била со тенок конец што сам се распаѓал апсорбирал така ми објаснија на форумов кога прашував јас на времето. А дали ќе ја лепат или шијат сигурно тие одлучуваат според нешто.
Спојлер Најдов отпусно писмо. Да не ги барам старите мислења сега кај што прашував. Пишува тука точно поради која причина сум породена со царски? И дали пишува нешто посебно што би требала да го знам?
Нема споредба приватно со државно кој што сака нека каже. Се знае кога се толку пари во прашање и третманот е друг. На ГАК има прекрасни доктори, поголем дел се професори но моментот тука е што они само пораѓаат после чистењето и шиењето го вршат специјализанти. Кај и да одлучиш важно е да одбереш доктор со искуство во кој имаш доверба
Во државно не е толку лошо пораѓајот и докторите како отпосле што нема нега, никој не те погледнува, а за сестрите кај бебињата да не правиме муабет..
Мене пред да ме хоспитализираат си јадев кебапчиња некаде во 15 часот пошто требаше утредента да ми биде царскиот ама докторот според ЦТГ одлучи да биде вечерта во 19 и 30 така да ништо страшно, само што си бев најадена на пораѓајот