Никаде не лепат рана. Шиење е и тоа, затоа си имала конци на краевите. Но така со посебна техника се шие (има илустрација на јутуб), што кога ќе се затегне изгледа како залепена раната, а уствари е под кожа шиено.
Здраво породена сум со царски пред месец и пол вчера приметив гној ми тече денес бев ме чистеа и треба да идам пак има ли некој со искуство проагја ли?
Ima resorptivni i neresorptivni konci. Ti gi vadele koncite vtoriov pat bidejki te shiele so neresorptivni i tie mora da se izvadat.
Леле и јас истата сум.. 2 месеци и некој ден породена до пред некој ден крварев обилно 10 дена, претходно 2 3 недели пред тоа една недела имав сукрвица не многу обилно ама вториов пат се истурив.На гинеколог не може да утврди дали е со сигурност менструација или не ама најверојатно ми вика е поради пореметени хормони крварењето, другото е се во ред...што направи беше на гинеколог, ти помина? И дали крварењето можеби ти почна после некој физички напор или оптеретување..јас забележав дека кога ќе кренам нешто потешко или да се оптеретувам повеќе физички после тоа прокрварувам.
Мене самиот доктор од Систина ми рече дека ако се случи нешто порано да треба да се породам ако не сме многу финансиски спремни да одам на Гак,бебето е малку помало според неделите и во Систина неонаталната нега е изгор скапа.Ке одам утре пак на гак кај Ана денес не ја најдов па ке видиме што ке каже.
И мене ми беше син ми според мерењата помал за недела дена па се породив 36+5 со апгард 9/9 тежина 2700. Немаше никаков проблем и не пуштија регулар за 4 дена. Ајде уште малце да издржи во меше, штом влезеш во 9 месец друго е
Не сум била на гинеколог уште, еве денес веќе се намали и имам само исцедок пак, стварно не знам што е. Физички напор со бебе секој ден што сум И чистење СE' за 30 минути додека е мирна кај татко и
Денес бев на анестезиолошки преглед пред царски, се е во ред само хемоглобинот намален пак. Од минатиот месец 118 сега е 108 и тоа со терапија. Ми е страв да не е многу низок за на царски, и ќе се намали плус со пораѓајот. За првото 140 ми беше. Ќе има некој проблем или не е многу страшно?
Не, не се секирај,мене лани под 100 ми беше, се породив царски,плус ковид фатив на излегување, уште повеќе падна па се стабилизира после.
И мене ми беше 108 и јас бев цело време со терапија. Анестезиологот вечерта пред царскиот само погледна во листот од крвната слика и ништо не ми рече. Јас му спомнав, кажа супер е таа вредност, не е ниска, не се секирај.
Мене ми беше 105 со првиот царски. Сега на последна крвна слика 109 и тоа ми го смета матичниот како ок, да си продолжам ми вели само со еден хеферол на сабајле плус ц вит. 36+2 сум
Најактивни сте ми тука па да си прашам и тука Докторките/ сестрите во ординацијата на д-р Ложанковски до колку се на работа во петок? Или си го земале за неработен можда?
Нееее, мислам дека ми е рано, шубе ми е.... Не сум ни била на преглед кај матичната за раната/матка, ми кажаа крај на септември ќе ме прими... И сега не би да чепкам до тогаш, не знам... Затоа прашав тука кога е ок, уште немаме 40 дена ние.
Жени си напраив филм ај нид хелп. Денес бевме на педијатар и јас го кренав малиот во транспортер. Дали може нешто да ми се случи, кратко беше… конците се извсдени раната е зарадната сма ја ск правам гилмови сега
Ништо не ти е,јас син ми го изнесов со транспортер во раце плус торба на штикли од болница и ништо не ми бидна,плус се качував по скали цело време дома со него во раце а не требало,не знаев и не се замарав тогаш.Бев помлада,ми беше прв царски, е сега ке внимавам повеќе ама трет ке ми биде,плус мм е дома,а со првото синче бев сама.