Мајки вие што имавте многу високо поставени бебиња, како поминавте на царскиот? И првото беше високо, тешко беше тргањето, ама ова е премногу од под гради ми почнува, стапалата се во желудник. Многу ме фаќа паника од тоа влечење надолу, па да не имам проблем со дишење после или тахикардија, цел ден мислам денес. Анестезиологот нормално ми рече да не се грижам, ќе пазат на се. Само измислувам нешто, овие два три дена не знам како ќе се издржи. Ковид тест правев денес, на ден на пораѓај пак ќе ми прават и за тоа се мислам да не сум толку малер тогаш да сум позитивна.
Мајки какви влошки користите? Се утепав од пресоблекување, по 2 мрежести и пак ми пропушта. Треба да идам за вадење на конци и сигурно ќе ми пропушти. Да ставам циклусна? Следува рефундација за клексан постоперативно?
Vir ама и обични по потреба. Следува рефундација, ќе собереш документи и ти враќаат 70-80%, по стара цена
Не само што нема да имаш проблем туку ќе продишиш нормално. Ја и двете ги носев многу високо, ова второво па скроз, дури последните денови се качи уште повисоко. Последните месеци едвај дишев, многу ми беше тешко, плус дека големо бебе, дијафрагмата цело време ми беше стисната. Само што го извадија од мене продишев. Онака со земање воздух да не можам да се надишам. За болка и сама знаеш дека нема да почувствуваш ништо, со првото ни многу нешто тегнење не осетив, со второво дека поголемо осетив. Ама и видов кога ми ја ставија лепенката на стомак пред царскиот и осетив кога ме стегаа со неа. Првиот беше итен па и не се сеќавам многу што како беше а и не ми текнува дека имав лепенка на стомак тогаш. Не се секирај, попозитивно само и се ќе биде добро.
@Yowannty фала ти не да не можам да дишам, едвај ми се чини воздух земам последниве дена. Ни јадам ко што треба, ни спијам, седната ако заспијам малку. Едвај чекам, а од друга страна мозочето си работи стандард.
Женски дали некоја од вас имала искуство со хематометра после царски рез? Поминаа веќе 3ипол месеци, а јас постојано имав крвава слуз или како со засирена крв. Бев на лекар за второ мислење и ми кажаа дека е океј, под раната имало крварење и се собирала крв. После колку време се средува? Ме нервира веќе, не сум раат 3ипол месеци
Здраво дечки. Јас во неделата се породив ама со итен царски, имаше проблем со малото. Со што ги третирате раните? Мене ми кажаа со јод, ама знам дека има и некој спреј демек поефикасен. Има некој искуство?
Со бетадин само малку и тоа е тоа. Мене ми нагласи Исмаили ништо да не мачкам, нормално да се бањам, само на почеток на самиот рез да не се мачка сапун или нешто.
Јас ставав вир влошка преку раната,првата недела неможев да трпам ништо да ме допира.А не ја мачкава раната ништо
Мене ми кажаа да не ја мокрам до вадење конци. Со лепенки се бањам. Ама демек не е страшно и да се намокри, само да се исуши
Е и тоа, баш ме потсети. Ова различно кажуваат, овој ми рече "да не си лепела никакви фластери, остави ја раната да си зарасне".
Мене вториот ден таму без ништо на раната ми помогнаа за туширање. Не требаше ни да ја покријам, ни да ја мачкам со нешто. Ама немав конци за вадење. Веројатно зависи од конците и од резот.
Да. Ама и јас немав конци за вадење, туку "лепена" бев. Таму уште следниот ден после царскиот ми го извадија тоа памукот, лепенката што беше на раната.
Мене ништо не ми кажаа, на туширање само со вода и да тапкам со пешкир. Месец помина, имам како црвенило, малку гнојче на едно место па почнав со бетадин, ѓе фаќа паника,ќе барам некој да ме прегледа од понеделник
Мами дали има некоја породена со царски рез поради карлично свртено бебе ако може да ми пишете во која недела ве породија?