Јас бев породена царски заради карлично поставено бебе. 38 полни недели, само што ја почнав 39та. Обично со кој и да зборам, на повеќето доктори тој им е условот, да си полни 38 недели, па после може да ти закаже. Мене докторот ми рече никако не смее да ми пукне водењак. Демек така царскиот бил потежок. Да не ја искомплицираме ситуацијата ми рече.
Не вадат конци после царски. Се породив во Ремедика во април, пред да те пуштат само ги сецнуваат конците што висат од страната на раната.
Моето прво синче беше карлично,уште од 33-34 недела демек ке се сврти,остана така до крај,40+2 ми пукна водењак, отидов 7цм отворена, се запнав за природно,пробуваа да го свртат со рскс ме буричкаа,само се измачив,се отворив 9 цм и пак џабе,цели време ми течеше инфузија со провокации демек од контракциите да се сврти бебето и не се сврте, на крај ме породија царски, дупла мака само ми остана бакшиш.
Малку и ти си крива во случајот. Какво природно на карлично бебе прворотка, кај ти падна на памет таа идеа да ми је знати
Бејб, над пет прсти не праат царски, зошто сметаат дека шансите бебето да е веќе у канал се големи. Барем така мојов ми рече...
Епа баш заради тоа ми рекоа и мене да не се чека да почнат болки ни да пукне водењак оти со ноџињата не може да излегува бебе. Особено не ако е прво бебе.
Мене со 8 царски ме пораѓаа. Карлично поставено бебе, пукнат водееак 36+5, се отварав со брзина на светлина. Ги фати малку паника, ама никој не спомна дека е толку страшно.
Тоа дека било поминало знам и не се замарам. Генерално не сум паничар, нит од анестезија сум имала страв нит од интервенција. Така требало да биде. Ме буни само ако толку е ризично зошто со контракции кои одеа над 100, и 1-2цм отворени ме пуштија тогаш дома да мирувам. Сакаа да издржам ако може бар уште една недела . Веројатно пресметан ризик. Битно било поминало
Мене тогаш ништо не ми кажаа, не знаев, помлада бев,не бев паничарка ич,бебето беше скроз високо абер немаше ни да се спушти ни да тргне низ канал.
Зошто у принцип (посебно за прво дете) може недела дена да си отворена прст два. Реткост е тоа тебе што ти се случило. Сепак, не си ни прва ни последна и знаат како да настапат, затоа се поминало топ.
Првиот и вториот царски го носев 2 дена катетерот, после вадењето еден ден имав болки при мокрење и пецкање. Третиот царски носев катетер 11 дена, три дена имав болки при мокрење, според докторите нормално било, сепак е страно тело.