Пиј многу вода, мене ме советуваа така, за повеќе и почесто да мокриш. А ако имаш пиено повеќе вода, а уште немаш мокрено, да си прашаш и да се посоветуваш најдобро со лекар. Јас немав проблем со мокрење, само имав болки.
Спреј бивацин за раната, од каде имате купено? Барам на Зегин го нема, па да не оди мм ако го немаат.
Ти земаа ли брис од раната? Мене ми пукна после првиот царски,се отворив како дупче, течеше,ми земаа брис имав бактерија некоја.провери си брис за секој случај.
Колку време крваревте после царски рез? Јас 3 недели некаде, и тоа не баш обилно... Сеа веќе 1 недела иам само некој жолтеникав секрет...
Да се пријавам и овде. Царскиот помина добро, многу брзо, може помалку од пола саат беше. Се беше во ред освен нормално тахикардија од паника и со ништо не ми се смируваше, на крај седатив појак од ко излезе бебето и дури во интензивна се смири пулсот. Овој пат не го тргаа бебето, го турна докторката од под гради силно и побрзо беше вадењето. Бебка се роди 3600 грама, 51 см. За брзо ми пушти спиналната, ги виткам нозете без проблем. Ме стегаа и мене на стомак овој пат зошто не крварев, па после ко мост правев в кревет за да истече побрзо крвта. Болки многу мали имам кај резот и како слаби менструални, тродон ми тече постојано по малку. Утре ќе ме станат.. Едвај чекам да сум со бебето, само секунда ја видов на пораѓај. Сакав да прашам тие што се на високо дали имаа проблем со качување по скали? На четврти сме без лифт, околу 90 скали, се плашам да не имам проблем ко ќе не пуштат.
Каде се породи? Обично не препорачуваат качување по скали првите 2 недели ама ако немаш избор качи се првиот пат после не излегувај барем 2 недели.Јас не знаев со првото дете,никој не ми кажа тогаш,кревав тешко одев по скали.
@macalavica во Плодност. Така ќе направам, со помош некако првиот пат ќе се качам, па ќе седам после дома дури не заздрави убаво резот.
Мила ти посакувам побрзо опоравување Ако можеш да споделиш кај кој доктор беше, и мене ми се приближува времето за пораѓај, најверојатно царски оти е карлично малиот, имам отидено кај Владко Ѓорѓиевски еднаш на преглед и сега оваа недела пак треба да одам, ама за пораѓај се мислам кај кого...
@jelo кај Др. Кристинка Пајаковска и за првото и сега. Задоволна сум многу јас, размисли си, за царски од што имам слушано сите доктори се добри.
Честитки мама, да сте живи и здрава. Не би требало да ти се проблем скалите, нема ваљда во почетокот во денот по 5 пати да ги искачуваш. Јас сум во куќа на втори, ама по цел ден бев активна од прв ден, пешки по аптеки, по институции, зимници правев, трчав нагоре надоле по скалите, дури и со него во раце. Не сум имала никаков проблем.