Majki se porodiv so carski rez pred 17 dena krvarev Samo 10 dena eve veke nisto nemam Dali e Toa normalno?
Isto I jas, posle pak mi se sluci nekolku pati da imam kako menstruacija ama po 2-3 dena samo. Taka do kaj 6 nedeli
Mamicki neznam dali tuka mi e vistinsko mesto da prasham za sovet. Da mi predlozite nekoj dobar doktor na GAK za Carski? Treba da zakazam za posle 36gn odma ama se mislam za Doktor Ima nekoj iskustvo so Adela Stefanija Ili so Marjan Stojovski?? Vo nekolku temi pishav, pa mi predlozija tuka da si prasham
Eve jas ako mozam da ti pomognam isto bev so rizicna bremenost ama sosema razlicno od tvojot slucaj.Edinstven sto mi pomogna i se nafati da me napravi carski bese d-r Igor Samardzicki i od moe iskustvo so nego ti go iskreno preporacuvam.Od Adela Stefanija sum krajno izrevoltirana, mi ja vodese bremenosta za na kraj da ne saka da me operira.
Јас крварев скоро 50 дена, и еве после 2 месеца и една недела си добив менструација. Најнормално. А се надевав повеќе време да си терам така фри. Мидер после месец дена облеков. Станав после 24 саати.
Da leva e mnogu i slushnav deka barala malku da ja potplatish za ako sakash da te poragja.... Ama iskusna e mnogu .... (srekja imam nekoj vrskicki kaj nea ama sepak mi e shube deka e leva) Inaku fala za predlogod za dr-Samardziski kje go zemam vo predvid...
Царскиот ми е лепенка и имам едно конче на крајот. Се породив пред три недели а кончето сеуште стои. Кога ке падне , дали е нормално да стои уште?
Mene mi go izvadija 10 dena posle carskiot, so ranata nemam problem nitu me boli Osven koga ke se premoram ili bebuska koga ke mi udre nekoja kloca no mestoto go osekam kako tugo kako da ne e moe Imate li I vie vakvo iskustvo do koga ke e vaka
Да и јас го осеќам како туѓо, еве три месеци по царскиот рез. Некои викаат така ќе биде стално, барем мојот гинеколог и на 60 години така го осеќа.
Еве 14 месеци како сум породена на почетокот цел долен дел го чуствував како туѓо.Над и под раната со тек на време малку осетот се врати ама кај линијата од царскиот нисто не чуствувам.
Ќе ве замолам ако може да ми ја опишете болката на раната од царскиот и дали навистина премногу боли? Колку време трае опоравувањето ? Јас со првото дете пред 11 год. се породив природно, но многу лошо поминав. Ептен тешко се опоравив, од болката доле се онесвестив дури и се опоравив после 2-3 недели....
Болки осеќаш првите два дена, после тоа не е болка само пече . Поготово на краевите од раната , ама купи си за дома хидроген и премачкувај бар двапати дневно побрзо ќе помине
Normalni bolki se,se trpat ti stavaat inekcii,posle 24h koga ke te stanat gledaj pocesto stanuvaj i razdvizuvaj se i pobrzo ke zakrepnes.Jas iskreno i vo trite carski imav problemi so glavobolka a so ranata ne.
Незнам зошто така велат . Јас станав на вториот ден ,ме болеше ептен малце и колку повеќе движиш толку се намалува болката. Е после тоа само пече раната , ама како што реков ако упорно си ја премачкуваш сабајле -вечер нема ни да знаеш дека воопшто имаш рана Од мојата операција до сега има десет дена , кревам дома ,чистам ,готвам немам болки.. Е сега само што добив како некоја си асма од анестезијата ,многу тешки ја поднесов и ја поднесувам уште...
царскиот нема ни Ц од царски...нема да осеќаш болка во болница затоа што ќе ти ставаат инекции за болки... А моментот кога ќе треба прв пат да станеш од кревет со сечен стомак - тоа е најболното нешто ...боли упм затоа што го напнуваш мускулот сечен за да станеш а болничарката те гледа и ти вика ајде срцка можеш а ти ја пцуеш во себе хахах Е откако ќе станеш...и ќе ти го извадат катетарот после тоа со секое наредно станување се помалку ке боли зошто ќе си најдеш начин што ти одговара за да станеш...освен ако не сакаш да мочаш во гаќи хахах Колку повеќе ќе се движиш толку полесно ќе ти биде јас ти препорачувам да вртиш кругчињња низ соба. А откако ке ти го донесат бебето само на него ке мислиш така да болката нема да ти биде на прво место Јас имам многу голем рез од крај до крај...болеше многу ама несакав да пијам апчиња за болки поради малото...па болката откако дојдов дома трчајќи по бебето ја заборавав. Инаку местото го осеќате како туѓо затоа што е пресечен мускуло...доколку заздрави како што треба би требало да го осеќате како што бил порано односно да праќа телото информација до мозокот...ама кај некои жени никогаш во животот не се враќа во нормала. Ај да не ве замарам веќе доста беше едит: Заборавив да кажам...никако хидроген на рана од операција!! Само можеш да ја чистиш со алкохол што ќе го употребуваш за бебето и со бетадин кој што и во болница се користи.
Самарџиски е добар да, искусен ама го злоупотребува тоа и уценува...т.е. за испод 200 евра не влага во операциона сала инаку нема ни тој да се нафати да те оперира. Јас ке го изгубев бебето ако почекав уште еден ден поради него...можам да кажам и дека веќе беше касно...многу компликации настанаа на пораѓај и после тоа. Сега неможе во очи да ме погледне и врти глава каде и да ме види...затоа што ме познава. Епа ко воли нек изволи на мито...јас мито не давам! Ете така.