Јас сњ депилирам со топол восок заради тоа ми беше некако шубе Инаку со друго ќе немав гајле. И самата ми рече дојди прво да те видам кога ја прашав за депилација , па почекав
Три царски реза,искуства? Се и сешто се изначитав,страв ме фаќа дали матката ќе го издржи тоа. 2 и пол години би биле дотогаш поминати од вториот. Тек сум на почеток,300 филма си направив досега.
Царици веднаш над резот имам како тврдо место со должина и дебелина на мал прст. Баш е паралелно со резот, веднаш над него. Не ме боли, само ме паничи некоја со вакво искуство?
Јас имав два прста така како оток,ми рекоа масно ткиво дека е,дека ке помине,како ослабнав се намали.
Мене ке ми биде трет царски, 8 месеци имаше поминато кога останав бремена по трет пат,еве 36 недела сум со тоа што ке ме породат најкасно во 38 недела.Се ке биде ок,не се плаши
Нормално е, скоро се секоја операција се прави така. Дури и кај синчето имаше такво тврдо над резот (операција кила). А и јас имав по царскиот, ќе си се повлече. Јас буквално ништо немам сега, ниту надуено, ниту тврдо, едвај и цртата се гледа
@kristina.k честитки мама, да е живо и здраво! Мене ми беше проблем да ги искачам скалите до станот. Ми се фатија 3 спрата се вкупно, и откако си дојдов дома само 3 пати се имам спуштено надвор.
Здраво породена сум царски пред два месеца не крварев многу 40дена после една недела добив па две недели поминаа еве денес пак се бришам крв пак сум добила иначе бев пред една недела се е во ред со матка јајници дали можеби се чистам седиште, некој да не имал вакво искуство?
Ние сме дома, за второ порано има можност за пуштање. Прв ден станав, од втор ден почнавме со доење побрзо дојде млеко и побрзо се опоравив овој пат. Е сега имам болки ама не е страшно. Ќе ставам и фраксипарин дома уште 5 дена. Единствено што добив терапија за притисок после царски, многу ме чуди од што почна да се повишува. Со спиналната немав проблем, ни со главоболки, сама се прочистив спонтано по два дена и крвна слика во ред ми беше. Треба и на интернист да одам се надевам ок ќе е по некое време ќе се регулира.
Кои влошки користите? Досега ставав Бони мрежестите, ама страшно неудобни се, плус нон стоп мора мењање. Кога идам на прегледи/надвор од дома обавезно Always. Пошто поминаа скоро 2 недели од операција, дали ми е паметно да почнам со Feel fine? Горниот слој им е памучен.
Одма се напипав да видам. Јас добив менструација, 10 дена пауза едвај. Претпоставувам ме болело од отечен јајник.
Со причина Вир се ставаат, не треба да се користат обични влошки, оти се чиста синтетика, многу често предизвикуваат иритации, алергии и не дозволуваат проток на воздух.
Еве јас да се пријавам дека така бев многу лајт дека сум крварела минимално само првата недела после царски, денес после 28 дена мене ми протече малце ко кафена крв Ај сеа што е работата? Нормално е? Не ли е? Во петок сум на контрола, да убрзувам или да си чекам? На мм му викам еве ги ножиците што ги заборавиле проработеа, а он така утешително ми вика да беа ножиците до сеа ќе скинеше конци
До 40 дена може да крвариш со прекини. Исто така, може и да добиеш после 40 дена, не е ни тоа невообичаено. За заборавени ножици се добива сепса, а симптомите се висока тт, треска, халуцинации итн.