Фала ти многу за брзипт одговор Горе доле ги знам симптомите за недај боже, ама нело сите сме со таа сумља дека заборавиле нешто. Минатиот пораѓај на пример 100 пати ги прашав дали ја извадиле плацентата и дали се сигурни дека не останало ништо
Јас бев исто закажав депилација и преглед минатата недела и оп почна кафеното па мислам до 40 дена нормално е, бев на преглед нема ништо не плаши се
Ножичките И јас ги "преживеав" Јас сум за два дена на контрола, ќе прашам дали заборавиле нешто. Туку односи кога смее да се има? Треба ли и тоа да прашувам?
Ние имавме после две недели, во Ножичките или сепса ич не ми одеше паметот. Јас крварев една недела, после скоро недела жолтеникаво, кога престана и тоа, а се чувствував физички фит, си реков зошто да не. На точно 28 дена одкако престанав да крварам ми дојде и редовниот циклус.
Леле и јас за односи се мислев дали да ди прашаме или ќе ни кажат по дифолт. Некако не ми е згодно дечкото (гинекологот) да го прашувам
Завршив со прегледот кој траеше цели 2 минути Добив вагинален преглед со спеклум и видов дека има различни големини, зеде помал и воопшто не бешe непријатен прегледот. Матката е целосно заздравена, внатре резот целосно исто зараснат. И надвор. Се е во ред, зедоа брис за Пап и контрола за 1 година. Не прашав за односи оти прво тоа ми го кажа дека смеам Смеам и да вежбам инаку. Депилација исто. Всушност, од сега смеам се што подразбира нормален живот, без никакви ограничувања. Гледав во ехото, нема ножички
Јас денес иам исто закажано преглед али мислев само до абдоминално ехо ќе ме глеа. А за пап понатаму... Хммм зарем денес и спекулум
Кога бев за вадење конци ми рекоа може мидер, ама како појас на делот кај стомакот што е, не класични мидер гаќички. @The_Doctor те чекам да пишеш како ќе помине прегледот.
После вадење на конец, носев гаќички мидер @JuLleE мене пап и брисеви ми рече за 6 месеца . Скроз различно