Мене строго ми забранија мидер. Рекоа сам да се врати стомакот, природно. И еве, немам стомак, само долу малку има останато, над резот. Ели, овде ми немаат правено Пап, а во бременоста не проверуваат, и затоа сега ми зеде. Следно после една година, ако се е во ред нели. Инаку мене ме гледаше со спекулум оти се уште крварам, да види колку е и од што и плус вагинално ехо имав. И за брисот нели. Е сега чудно ми е за вежбањето само. Вели слободно. Нормален живот да си терам.
И јас не носев мидер и брзо ми се врати стомакот. Не знам ни дали воопшто препорачуваат докторите кај нас мидери или на своја рака земаат.
Мене Јовановски тогаш ми рече чисто за естетика ако сакам да носам (демек ако облечам фустан па да не е румби тумби), инаку не помагало околу стомакот на др начин. Колку природно се прибере, толку.
Ма нееее,нели ме читаше , во 36та недела со оставен капар кај него заминав во Систина кај Ивановски на крај . Не ме потсеќај, кретен. Знам дека носев и за првото мидер а дали он ми кажал или сама не се сеќавам. Сега овој во систина сам ми рече.
По колку време бевте за вадење на конци? Јас имам само два на краевите, не знам дали треба да се вадат, на отпусното не пишува ништо. А долги се, денес едниот го зафатив и баш ме болеше. На средина од раната немам ништо.
Мене ме мачи само она за вежбањето. Јас искрено веќе се осеќам како нова. Мислам ни рана ме боли, ни имам некои потешкотии. Многу чудно. Првиот пат мислам дека повеќе време закрепнував, сега побрзо. Симнав 8 кг, ми фалат барем уште толку, 4 од пред пораѓај, 4 што ги имав. Ама ај да не брзам и јас. Се тешам дека ци*ките ми тежат само. Од Д на Ф корпа.
И јас овој пат се осеќам така. Ко да не сум била трудна, дури и на старата килажа пред да останам трудна се вратив после 2 недели. Инаку имам доста вишок и мислам дека крв проплукав да симнам нешто со години нема шанси грам да мрдне. Исто минатиот пораѓај 3 месеци од после си го носев стомакот ко за 7 месец, сега јок. Овоја пат дури ми се јави и желба за вежбање, а сум ти една тромава особа за сите пари
Јас 10 кг. на пораѓај намалив ама уште имам доста вишок и меше плус. Малиот ме праша да не имам уште едно бебе в стомак
Девојки горе над раната ми е како стврднато од почеток до крај на 08.08 сум породена, дали е тоа нормално?
Дали е црвено или топло на допир? Ако не е нормално е,јас имав и со нежна масажа со лосионче и кружни движења ми спадна по некое време. Може да е оток што треба да се повлечи,може да е scar tissue..Ако е премногу тврдо оди,нека те ѕирнат на едно ехо.
Не е туку така само испакнато и тврдичко не е ни многу тврдо секако ќе одам сега за некоја недела ама вака ме смири да не паничам
После 2 ипол мес. денес темна крв имав. Претходно и циклус добив . Матичната ми спомена дека може да е нередовен Имала некоја вака? На преглед се беше ок пред 2 недели
Јас денес на контрола после 4 недели. Се е супер рече дечкото и раната ко да немало ништо и матката ко да не е правена операција. Што е многу битно ми покажа дека внатре е чисто се, нема ништо заборавено Исто ми рече да си водам нормален живот како ништо да не било претходно. Јас нормално го препрашав уште еднаш со надеж дека ќе ми нагласи нешто конкретно пр. еве за односите, ама јок само ми повтори однесувај се ко да не си била бремена. Претпоставувам дека тоа важи и за вежбањето, а ја па еден вежбач...ми дојде желба пред некое време,ама некако малава ме цица на сите можни начини па брзо ми пројде. Мене за ПАП ми рече после 2 месеци и онака ми доаѓа таман од последниот ќе пројде година. За појас ете сакав ама не прашав, ама додека лежев во болница слушнав друг доктор како и објаснува на пациентката во соседната соба дека не е препорачливо да се носи појас демек би се стегнале горните мускули, а на сметка на тоа ќе се олабавеле долните....секој различно, незнам што да речам.
Ели, јас уште крварам. Затоа и ме прегледа и вагинално, да види колку и од каде. И нормално било, немало од што. Ваљда и кај тебе, ако е се во ред, не би требало да е проблем. Со првото крварев над 40 дена и потоа веднаш добив. Кажи ми, како препозна дека си добила?