Кога ми заврши после некој ден заминав на преглед, виде дека било циклус незнам по што. И сега ми е циклус изгледа… А инаку и мене ме гледаше вагинално (недепилирана ).
Дали и ставате нешто на раната откаке ќе заздрави? Мене денес ми е 16 ден после царски и веќе не и ставам бетадине нема потреба и почнува да ме чеша си мислев да не има некоја маст шо треба да се става?
Мила што ти кажаа на доктор за трет царски? Јас сега со втор ќе бидам ама би сакала уште едно да си родам понатака
Од прв до втор царски разлика 1,5г. Првиот поминав ужас. Многу тешко и бавно заздравувањето ми беше. Вториов одлично. Искрено не знам на што се должи тоа. Дали психа или подобро шиење.
Има ли некој искуство со црвенило на раната,ми рекоа нормално е облоги да ми стават,мене не ми личи добро.Незнам како се ставаат слики во спојлер извинете ке ги ставам вака Spoiler
Исто имав кога се породив никој не знаеше од што е ми даваа облоги со борна киселина и по неколку дена се смири...
На мене ми е рано,само три ипол месеца поминаа,ама кога прашувам секој вели различно и докторите се поделени,некои даваат дозвола веднаш после 6тиот месец некои после 1год,2..,би сакала мала разлика ама сега ризик е,под една година не би ишла ама ќе видиме.
Личи ко да не е затворена, барај да те види некој доктор. Може е многу тазе, па од таму црвенило, што знам...
Систина си како што гледам . Црвенилото не ми личи страшно , јас имав и хематом и оток, ама резот да не е отворен ќе те видат на визита ( ибавезно барај, мене Бојаџиев не ме ни погледна само праша дали сум добра).
На први се породив во Систина,уште сум тука,викаат не е е страшно,само облоги со ациди борици,ама ме пече и како да ми чука осеќам,ке им кажам сега пак,утре секако и Димчев ке ме види пред одење.Ви благодарам
Гинекологот кој ме пораѓаше со првото ми кажа дека можам да забременам по 2 години. Јас забременив по 9-10 месеци. Ме водеа како високо ризична со мирување, но не го почитував тоа. Одев на работа, поголемиот си го кревав цело време, генералки низ дома, возев кола до сам пораѓај....си функционирав најнормално. Бев на контрола на 10-от ден од вториот пораѓај и ми кажа докторот спремна си за 3-то.
Јас сум со 3 царски,третиот некако ми е најтежок,многу болен,битно се издржува, среќа што дојдов во Систина,тука си цело време под терапија,даваат и за болки и се трпи некако.
Матичната ништо не кажа, 2 год и 2 месеца би биле разлика двата царски, само обавезно подврување јајници после третиот ми кажа. Деновиве ќе одам на преглед кај др што ме пораѓаше да слушнам и нејзино мислење.
Дали има некоја со намалено или изгубено чувство за одење по мала нужда после царски? Осетив дека немам потреба да одам, ни насабајле не осеќам само болка некогаш во бешика. Дали е привремено не знам или нешто не е во ред.