Имав едно делче од стомакот над резот некои 2цм кое не го чувствувам воопшто на допир, со лажица се пипкав по местото ниту допир ниту топло/ладно. Ми помина за отприлика година дена од операцијата. Тоа ми го кажа и хирург, кај хоризонтален рез сите нерви се пресечени и понекогаш треба повеќе време да се регенерираат,тоа е индивидуално.
Јас пишав и претходно. Си ги проверив на своја рака ддмерите и беа доста високи. Повеќе од 20 избоцкав да стигнам до 400 и нешто. Инаку и мене докторот што ме породи ми рече нормално е да се покачени и дека ќе се средат. Ама поучена од првото дека после бременост на помала вредност си ги примив 20 клексани си се боцкав и сега
Со првото не ми дадоа дома таму ме боцкаа само и толку. Сега ме боцкаа таму и плус 5 ми дадоа за дома.
Па може 9 години после прв царски имав осет, ама не знам како да објаснам имав некое посебно чувство таму,на тој дел. Туку јас да прашам,правев крвна слика и тоа малку поопширна, со тироида, ензими итн. Не ми се јавијс од болница и мислам дека е ок, ама јас пак имам вртоглавици. Може и низок притисок да е, но дали може да е и од анестезијата? Со целосна бев. А може и што крварам уште. Не е многу, ама крварам.
Нормално е да се високи после пораѓај. Трансфузиологот ми рече одма после пораѓај се плафон. После месец и пол ми беа нормални. Јас си мислев по дифолт мора клексан дома да се боцкам. така правеа во ремедика и се боцкав 7 дена кога завршив му пишав на др. што ме пораѓаше докторе завршив со инекциите дали треба да продолжам, ми пиша дека не ни требало воопшто да боцкам
Јас пишав дека со првото се боцкав, а и сега матичната ко ми ги виде и она одма ме стави на клексани, така да ко да немав друг избор Ама поштено се избоцкав полни 10 месеци
Само додека бев во болница ме боцкаа по еднаш на ден, за дома не ми дадоа да се боцкам. И со првото дете исто.
Здраво мајки, некој да сподели искуство како симнал ддмери после царски? Цела бременост бев на клексан па фраксипарин 0.6, пред 3 недели ме испишаа со 5100, имав терапија до вчера, денес на своја желба проверив и беа 7100. Генеколог ми кажа да продожам уште 5 дена терапија па да одам на проверка кај трансфузиолог, ама некако не ми е веројатно дека за 5 дена ќе се симнат, и ме фаќа страв да не е нешто сериозно. Имал некој слична ситуација?
Јас имав 7500 после само 24 часа од последен клексан мерено и некои 3-4 недели после царски примав по 1 дневно. Кога се симнаа до 2800 Јани ми ги прекина, мене ми беше страв дека и 2800 се високи како така без терапија ама на следна контрола после 10 дена си имаа паднато на 50.
Благодарам за одговор, јас вчера испаничив, ама продолжив терапија. Освен клексан нешто друго ти дадоа/препишаа? Аспирин, пешачење? Мене и другите параметри ми се изреметени, тромбоцити покачени, покачен холестерол и пцт. Од денес со бебо почнуваме по пола саат пешачење може ќе почнат да се намалуваа
Ти благодарам многу. Не ми беше јасно како изгледа тоа па затоа прашав. Оваа недела имам закажано во болницата каде што ќе се породувам во Австрија па ќе видиме. Се надевам дека се ќе биде во ред. Иначе сум 35+5 и како се ближи породувањето се повеќе станувам анксиозна. Поздрав до сите членки
Дали ве болеше вадењето конци?Мене баш ме болеше јако, го извлече цел конец докторот без ништо предходно да ми стават, гледам сега ми тече крв и ми слузи.И ме пече ме боли,аман веќе смачено ми е.
Не воопшто. Мене многу ме болеше раната додека не ми ги извади конците како да снемував воздух кога станував, едвај се движев многу мачно ми беше. Магично ми престана болката кога ми ги извади конците, толку ми олесна што ми идеше да го гушнам докторот
Ако си со ризик од тромбоза што е можно според високите ддимери би требало еден месец после пораѓај да примаш клексани. Мене така ми препиша Јани без разлика што кажаа во Ремедика после пораѓајот. Ризикот од згрутчување на крвта е највисок после пораѓај
Мене воопшто не. Пред да одам дома ми извадија две кончиеа од страна и ме испишаа. Пиши му на докторот може треба да се мачкаш со нешто
Zdravo majki vie so ste so carski posle kolku vreme se obidovte za drugo bebence mene mi rekojaa 1 do 2 god a sto ako bide porano dali imaa nekoi nesakani posledici ?