Не е страшно, мене ми се случи истото после првиот царски и се прскав со некој спреј антибиотик ама ич незнам како се викаше, оддамна беше тоа. Како и да со неколку прскања се среди, ама секако консултација со гинеколог
За со спинална анестезија. После операцијата вечерта кун 8 часот почнаа да не стануваат, за во тоалет да се измиеш лице заби. Уште катетерот си стои во тебе другата ден го ваѓаат. Дозволено ни беше после некое време (4-5 саата ) вода да пиеме со сламка по неколку голтки. Ќе имаш болки при станувањето и вртоглавици. Пожелно е да не гледаш надоле, него право и кога ке бидеш спремна тогаш да станеш да не се форсираш првиот пат секако имаш помош од сестрите. И за побрзо да станеш да закрепнеш чим мине дејството на анестезијата почнуваш да ги чуствуваш нозете, мрдај ги и со задникот поткрени се и поместувај се од време на време. Јас незнаев за ова ама како црви да имав во газот неможев да лежам само се преместував. За јадење не брзај. Ке ти е тешко на желудникот. Подобро полесна ххрана супа, јогурт, двопек. Отколку да повракаш. Јас можеби 10-15 дена откако ме пуштија дома јадев леб, јогурт, супи и зденки. Повеке вода и сок од јаболко пиев. И ослабев многу. Послаба од кога бев пред да останам бремена
Истото ми се случуваше и мене, испадна масно ткиво, не се дозатворила раната, исто дупче имав мало и течеше. Оди кај што си се породила да те видат. Мене само два пати ме чистеа/дезинфицираа на местото и само се затвори после неколку дена.
Мајки од што може да ме боли боцнатото од спиналната? 2 месеци сум породена досега не сум имала проблем
Породена сум пред 2,5 месеца, дали можам да спијам на стомак? И што ве прегледуваат кај матичниот после 40 дена? Мене ме прегледа докторот што ме породи - рана, ехо на јајници, матка. Дали да одам и кај матичната?
Ти помина исцедокот? Неколку дена имам таков лигав исцедок, мислам дека е жолтеникав, како за беља и тоалетот ми е жолт. И мириса. Синоќа имав чувство дека сум настината и ме тера на мокрење. Ми зедоа брис за пап, се јавуваат ако не е ок, мене не ми се јавија. Се мислам да не пробива менструција. Друго, држам на пример урина, можам и со часови, ама дојдам ли до вецето мислам дека ќе се помочам. Читав за ива, па не знам кога не е нормално
Утрово кога станав осетив класично како за циклус чувство дека добив (утрински добивав најчесто, штом станев од кревет), гледам крв, боја и количина како за циклус. Не дојам месец, породена без малку пред 3 месеци. Докторот што ме породи ме виде на ехо после 40 дена, Такада верувам нема место за паника, циклус е?
Чат пат имав како жолтеникаво лигаво и мислев ќе добијам ама ништо. Сеа имам пак ама не е лигаво и се нервирам многу. Сосем малку е ама го има и ме фрустрира. Нарачав пробиотски вагиналети што ги имам и претходно користено.
Денес 5 ти ден откако сум породена, уште имам болки кај раната и ми е мачно одење, легнување, станување. Што земавте за болка после царски рез?
Мене само од кафетин ми помагаше. Не се секирај мене ми рекоа од Ремедика дека се целосно безбедни при доење. Мислам дека на 4 сати пиев парацетамол па после кафетин и така во комбинација
@mace89 Фала ви Сега ми пиша и докторот што ме породи Кетонал. Ке земам кафетин и парацетамол, да не ми е мн јак кетоналот.
Јас 7 дена по породување со царски рез имам болки само од десната страна кај резот и во колковите од двете страни. Пијам ибобруфен. Незнам да не е премногу јак.
Мене резот не ми беше ич болен, ама имав многу голема болка во левата ципа, се плашев дека е кила, ама било нормално, така рече гинекологот. Нешто, фасција, така рече. Мачкам контратубекс, а раната од средината до почетокот на резот е доста црвена и дебела линија, не ќе да избледува. Три месеци откако сум породена.
5 недели одкако се породив уште ликот ми е отечен... некоја мајка со ист проблем? Проверени се димери добри ми се. Не можам да се гледам во огледало