Истото ми се случи и мене и бев буквално испаничена бидејќи пред да останам бремена имав многу слабо крварење, а по царскиот веќе 2 пати што добив крварам премногу баш како што кажуваш. Се консултирав со гинекологот ми кажа дека била честа појава и било во ред, но доколку не ми намали обилното крварење за 2 дена да пијам некој капки. Веќе вториот ден вечерта имав помалце па немаше потреба од нив . Исто разговарав со другарки и познанички , повеќето имаа исто искуство.
Девојки вие што се породивте по втор пат царски, дали на исто место ви го направија резот? Мене вториот ми е некаде пола сантим над првиот. Очекував на исто место но ставот на докторот беше дека така потешко заздравува поради дупла рана И после колку време од операцијата можеме да мачкаме крема против лузни?
Јас до сега имам два реза, на исто место. Иначе не мачкав ништо, резот скоро и да не се познава и многу е доле. Мислам дека може откако ќе заздрави раната, ама некој што знае поточно нека каже. Ти посакувам лесно закрепнување.
На исто место ми е резот. Неспоредливо полесен ми беше вториот царски. Веднаш почнав да мачкам крема, таква е кремата за рани и лузни.
Kolku vreme posle carski treba da si na intenzivna? I po kolku vreme go davaat bebeto da e sotebe vo soba?
Девојки дали ви се случило да ве заболи раната после 3 месеци? Мене денес ми се случи бев на контрола пред еден месец се беше уредно, можно ли е да има некаква компликација?
Исто не ми е на исто место ама јас мислев заради хитноста не се обрнало внимание, нека ти е со среќа и само убави моменти да имаш со двете момчиња
Јас не сум баш мерило, после еден месец некаде од едно дупче почна малку да ми лигави, среќа го средив во домашни услови, останатото беше ок, иако после 10 месеци сеуште не ми е вратен осетот и не ми е баш пријатно да се допирам до нешто со стомакот.
Мајки породена пред скоро 3 месеци со царски рез. Ногата кај глуждот знае да ме стегне и по тоа почнува стапалото да ми трни а листот од ногата да ми се грчи. Бев на доктор виканод спиналната анестезија Има некој друг ваква ситуација?
Ќе ме излуди циклусот, можи траеше 8 дена, пишав два дена обилно крварев, и еве оваа недела еднаш дневно на гаќите имам исцедок, повеќе е темно цевен како кафеав. Фатија празници овде и дури среда на лекар. И не знам што да правам, сериозно. Искуство да не има некого.
После пораѓај е нормално да е пореметен циклусот, може да ти трае и две недели а може а два дена. Јас имав три месеци циклус кафено само на бришење, дури после 7-8 месеци ми се стабилизира
6 месеци кај што сум породена уште е со чудна црвено-лилава боја.Требало време да избледи(барем така кажуваат поискусните мајки).