Мене на десното стапало ми се прави така странично и еден прст од десната рака ми е постојано таков ко отрпнат. Ќе почнам и јас магнезиум, баталив се од суплементи по пораѓај.
Ауууу гасови после колку сакаш, кркорења, што не. Кога бев на ехо кај интернист, не можеа некои органи убаво да ми видат од гасовите. Пиев Еспумисан и ми се средија.
и мојата има скоро 2 години, не е избледена...јас имав и претходно лузна на истото место, и таа никогаш не побледе..кога ќе речат имам само бела линија што не се познава им блазесвам...дали е генетика или нешто друго не знам
Гледам над мене сте пишувале во врска со лузната. И кај мене е исто. Скоро 2 години ќе поминат, уште е црвена. Од едната страна почна да бледее. Околу два сантима на почеток од лузната е скроз нормална боја кожата и се гледа само една тенка бела линиичка. Мислев цела ќе се направи така, ама не, еве толку време помина, остатокот е се уште црвена мислиш како тазе рана. Дали е до самата кожа, генетика, дали е до резот, дали треба време да помине стварно не знам. Јас апсолутно ништо не ја мачкав, можеби и требаше, може до тоа е. Не ми смета, далеку од тоа, премногу е ниско, не се ни гледа, освен мм никој не ја видел, ама пак некако како недозаздравено се осеќам. Ќе дојде време за второ, а уште лузната од првиот царски не ми избледела. Си мислам дека после втор царски никогаш нема ни да избледе.
На мајка ми цел живот и е црвена раната. Еден царски. Ама си мислев дека тогаш резовите биле погруби, не очекував и кај мене да остане. Тоа е, не е страшно.
Ни јас не мачкав апсолутно ништо, ја снема некаде по 1 година од резот, не се ни сеќавам од кога ја нема. Таква е кожата.
Не памтам кога почна да бледее ама околу 9тиот месец беше бела. После 2 недели скроз се повлече само што сега после вториот царски сум како со секира удрена доле ама веројатно треба време и тој отокот да се повлече Гасови првиот пат страшно многу имав, со многу болки, а сега ништо посебно.
Wow, не знам зошто ама сум мислела дека ова не е можно. Мислев дека секоја рана/лузна кај секој човек со тек на време обелува/избледува. Значи кај мене веројатноста да си остане вака црвена е огромна.
Дали тие што добивте циклус одма после 40 дена си продолжи наредните месеци редовно? Мислев ќе одморам и сега, по првиот царски година и пол немав добиено, ама сега имам фоликули и докторката ми рече сум добила еднаш според слузокожата. Имав некое кратко крварење кон 50ти ден од 2-3 дена, изгледа циклус било.
И кај мене еве 13 месеци уште не е избледена..И здебелена и уште осетлива и болна на допир..Исто и јас се осеќам како да не сум заздравена заради тоа.. Мене ми смета искрено повеќе болката и непријатноста од фактот дека имам лузна пошто уште се осеќам како рана да имам,како да закочив во првите неколку недели Се мислам и за кортико инекции. Пак ќе речам,повеќе ми е за болката отколку за изгледот.
Првиот пат добив одма и си имав најнорамлен. Сега крварев 50 и кусур дена, не знам дали и циклус добив тогаш, ама после еден месец добив циклус. Без болки и без никакви тегоби, освен обилно краварење кое никогаш не сум го имала и ми траеше 8 или 9 дена, и еве две недели имам кафеав исцедок. Дефинитивно морам на лекар, уште време да најдам. Според мене подобро е да добиваш. По смирена ќе си, ќе се чистеш и нема да се дуваш.
Три месеци по пораѓај таман ми поминаа болките од царскиот јас ја заебав работата трчав 3 пати по 5 минути, демек ништо не е, а докторката убаво ми кажа да почекам наредната контрола во декември. Сега од вчера навака пак ме боли внатрешно кај резот. Прашањето ми е, кога почнавте со спорт по царскиот и дали имавте болки?