2 месеца чекав само ,ама цел живот сум физички активна и поради тоа не ми се чекаше и почнав да си вежбам дома . Е сега се нормално вежбав освен стомачни нив ги избегнував уште можеби 2 месеца дополнително . И немав апсолутно никаков проблем ниту болка ,заздравев супер и раната си зарасна убаво . Е сега не би препорачала на секого да почне толку рано ама јас се чувствував идеално и си го познавам добро телото па се почувствував спремна и очигледно бев .
Јас болка воопшто немам, ни на почетокот нешто страшно не беше. Повеќе језиво печење и влечење имав отколку болка. Нит па на промена на време ме боли како што слушам од други. Ништо не осеќам на лузната. Ама изгледот си остана скоро како на почеток. Затоа кичмата ми наплаќа за се, ама тоа друга тема.
После колку време добивте циклус? 2 месеци како се породив немам циклус, од 40 дена наваму ништо.Дали користите заштита при односи? Многу ми е страв искрено, како останав трудна од пресемена течност ич не ми се ризикува цела сум во грч, а со кондоми ич не ми е пријатно одма иритација ми се прави.Прашав гинеколог ми рече да добијам циклус, па да поминат 3 месеци да добивам на време дури тогаш ке може спирала или таблети.И како би знаела ако недај боже останам трудна кога немам циклус ако практикуваме пак прекинат однос пред свршување?
Добив 15 месеци подоцна. Користевме заштита на почетокот доста, зошто имав огромен страв да не останам бремена пак, а и ден денес некогаш користиме. Ако доиш, може да не добиеш се додека доиш, кај секого е различно. А ако е на ад, би требало за кратко да ти се регулира.
Само на доење е, никако не ми е пријатно, без заштита ми е страв, со заштита ми е неубаво плус ми останува иритација
@macalavica јас сум добила одма по 40 дена, на преглед ми кажа гинекологот и плус ми рече дека сум во овулација да се пазиме многу и да не ми е редовно и да не доаѓа секој месец може да се забремени. Доењето не е гаранција дека нема овулација. Почекај штом имаш таков случај, или барај sensitive кондоми. Ние 15 години така се "пазиме", ама мора повнимателно сега поради царскиот.
@macalavica истата дилема ја имам и јас... нема вајда после секој однос да правиме тестови А за разлика од првиот пораѓај сега се чуствувам многу поспремна некако, ама пусти страв да не бидне нешто како ќе знам. Што вика @kristina.k и ние со години се пазиме и фала богу успешно, ко ќе сакавме бебенце ќе олабавиме и таман сме, ама сега некако баш ми е страв
@eli25 Да додадам, не сум некој репер за вакви работи, ништо не поврзувам со времето. Односно, не ми ни текнува на времето кога нешто чувствувам поинаку.
Ниту јас, синоќа му спомнав на маж ми (он е опериран пред некоја година) ми вика од промена на време било он си осеќал нелагодности и после години
Добив одма после 40 дена....најнормален циклус (дури за мое задоволство без болки)ама не дојам(затоа одма ми дојде).Заштита не користиме туку пратам не плодни денови па тогаш имаме односи(не дека ризик нема) и многу пред време се трга(се разбираме што сакам да кажам).Гледајте што повеќе да се пазите и како што спомна членката погоре има сензитив кондоми пробајте така.
Првиот пат исти симптоми како и пред бременост, грчеви и болки во стомак, нозе, кичма.. Сега се намалуваат
Јас имав пред да добијам баш ко за овулација болка во јајник, баш пишав тука и ми кажаа дека можно е одма да се добие. Кон 50ти ден имав само 3 дена крварење, не многу обилно и после на преглед ми кажа докторката дека најверојатно беше циклус. Никакви болки ко за добивање немав, ама и претходно немав многу болни циклуси само тие менструални грчеви прв ден.
Ке дознаеш кога ке промрда. Ти ја знам ситуацијата и не би одела на среќа. Не ти предложија подврзување на јајници? Со оглед дека наредна бременост е ризична за тебе? Извини ако сум нешто грешка.