@Iris-1234 @Misskirova ne zemate nesto protiv bolka? Brufen, ketonal? Dozvoleni se i za vreme na doenje. Ili ne pomagaat?
На болница даваа кетонал и парацетамол. Првиот ден кога си дојдов дома пиев парацетамол, после тоа немав никаква потреба од лекови.
Леле како ме потсети сега хХхах слатко ме насмевна. Јас со нервозни црева лелелееее почна да ми се лоши од болка, а за гасови прди си слободно ти е гајле ние со цимерката си ги броевме кој колку ќе прдни
Честитки мамичка Исти ден сме се породиле, и моето малечко излезе на 22.11 и еве веќе сме дома 6 дена и се привикнуваме една на друга Јас искрено мислев дека целата процедура ќе биде многу по страшна, но излезе дека сум баш јака женска (како што ми викаа сестрите) Бев со спинална анастезија и за време на целата операција си разговарав со анастезиологот и сестрите, им поставував прашања за анастезијата, за закрепнувањето за се што ќе ми текнеше и искрено мн ми помогна тоа бидејќи не бев фокусирана на тоа што зборуваат докторите и така не кревав паника. Вториот ден ме скорнаа од кревет, прво само седев на креветот, потоа станав и шетав низ собата а веќе вечерта можев сама да одам и до WC. Совет за сите што ќе минете низ царски со спинална: од кога ќе почне да ви минува анастезијата т.е. од кога ќе почнете да си ги чувствувате нозете и да имате блага болка постепено почнете да ПИЕТЕ МНОГУ ВОДА за полесно да ја исфрлите анастезијата од организмот и исто не движете ја главата многу нагло бидејќи после третиот ден ќе почнете да чувствувате страшни главоболки, барем кај мене беше така. До вчера имав главоболки и ништо не помагаше, денес веќе сум подобро не е како што беше. Исто така проблем имав/имам и со нозете, ми отекоа МНОГУ од кога си дојдов дома и бев пак ми ги испитаа Д-димерите и излезе дека ми се многу покачени па ми препишаа клексан-боцкам наутро и навечер, мачкам хепатромбин гел и ставам облоги Acidi Borici, ама отокот уште си го има само во левата нога… исто сакав да ве прашам, сеуште не ми се извадени конците (поточно еден конец е само бидејќи раната била лепена ) и вчера др ми рече дека можам да ја извадам газата што ми беше залепена врз раната и да се избањам, но од синоќа некако ме пече раната се повеќе на левата страна. Утре треба да одам на контрола и да ми го извадат конецот, но страв ми е да не сум ја инфицирала некако па ме пече
Јас излегов од болница со одлепена газа, уште таму ми ја одлепија и ми кажаа да ја мијам секој ден со сапун и вода. Не знам кај се пораѓаше ама не би требалобтолку долго да те држат со затворена рана. Мојата е баш зарасната, секој ден ја мијам со сапун и вода па после ја тапкам со чиста крпа за да ја исушам.
Женски породени со царски, не знам дали прашањето е за тука ама не знам кај да го постовам. Од кога ме породија многу се потам кога спијам, значи кога сум будна не ама штом склопам очи јас сум цела испотена, посебно косата и грбот. Дали има врска со операцијата или анестезијата? Или од хормоните е?
Мислам дека е до хормоните, нормална појава е. Ќе си се потиш, па и ќе си се замирисуваш. Особено се потев додека доев.
До хормоните е. Јас и со првото се потева, а бев природно. Месец дена сигурно траеше, ако не и подолго. Среде зима спиев по маички на рамки и менував 2-3 во текот на ноќта од што бев мокра. Исто и косата ми беше како од под туш да сум излегла.
Првите неколку дена мирисаше и бев убедена дека не сум јас таа што мириса, нема шанси ЈАС така да мирисам Сега ептен кога се бориме со него со доењето и кога е нервозен знам да замирисам, а навечер потам но не мириса
Абе ова со потењево после царски не е шала 20 дена поминаа јас уште си мирисам А се туширам секој ден
Јас во спиење премногу потам, не можам да поднесам што сум мокра цела ноќ, џабе се пресоблекувам по 100 пати