Скроз нормално. Ќе има ќе нема така едно месец дена, може помалку, може повеќе, ама околу 40 дена е. Јас да прашам, може е пишувано ама не ја пратам темата, царскиот ми беше пред 6г и 7м, дали ќе пробаат природно или во Чаир не пробуваат воопшто после прв царски? Би сакала природно, ама ако биде ко со бато, тешко природно.
Познаничка моја во август таму се породи. Со прв царски пред 5 години, сега ја породија природно без никаков проблем.
Јас ќе ти кажам мое искуство прв царски ,втор природно со 3 год разлика не сум во Чаир породена. Поминав многу лесен и брз пораѓај додуше и царскиот ми беше таков. Многу зависи причината зошто првиот е царски. Моето беше карлично бебе иако и тогаш многу брзо се отварав но мораше . Докторката ми објасни дека никако не би ме чекале да ми пројде термин и ќе пробаме природно само ако процесот започне сам ,така и беше. Само да видиш со докторот и зависи од самиот процес како ќе се одвива.
На едната страана ме заболува кога ќе допрам површно... 4ипол месеци поминати од царски. Инаку имам многу трнење на нозете по долго мирување... Од кога ќе се развижам се губи тој осет. Буквално сабајле првите 10 чекори се непријатни, како да неможам за згазам. Незнам дали од спиналната од што ли е...? Некоја друга со слични симптоми?
Тоа и ме плашеше мене, причината за првиот царски беше што не се отварав воопшто цели 13ипол саати. Водењак истечен, бебе се качи горе скроз се напика во дијафрагма од стрес а од болки ни б, грло бетон. Тогаш раѓав во приватна, таму не те чекаат 3 дена со пукнат водењак, ако повеќе од 12ч не се породиш одиш царски, ама сега ќе одам во Чаир и знам дека таму нема да ме породат царски за пукнат водењак туку ќе чекаат додека не почне бебе да губи тонови, бар од тоа што читам од досегашните искуства. Не знам некако страв ме фаќа од моментот да не се деси со бепче нешто во тие моменти на кршење копја околу царски, природно, ќе бива, нема да бива... немам искуства од државните болници и не знам стварно.
Штом почнеш да одиш на цтг зборувај со докторите . Мислам дека нема да инсистираат на природно ако нешто не оди лесно процесот затоа што веќе имаш еден царски.
Во Чаир одат на опција царски по прв царски. Доколку се е во ред и инсистираш на природен тогаш може некој да се нафати за природно, инаку вака по дифолт зе иде на царски.
Мене не на допир, туку баш во момемт на кревање на синко. Од напорот. Ваљда не е озбилно? Почнав да паничам да не ми се отвара раната...
I jas isto mislam kako i drugata clenka da si razgovaras so doktorot vo Chair kaj koj ke odis za CTG. Mislam deka najdobro ke bide dvajcata xa najdete zaednicko resenie... I stom do sega ti e se vo red, mislam ke imas i lesen poragaj ( priroden/carski seedno) i toa od srce go posakuvam za site nas ❤️
Јас денес правам две недели од царски и добра бев ама од вчера почна да ме боли раната на десната страна. Некако нагло станав и тогаш како жарење осетив, сега при било каков напор ме наболува, знам дека е многу тазе раната ама страв ме фаќа. На клиника ми рекоа немало шанси да се отвори раната, бидејќи јас само тоа им го трубев, дека се плашам да не се отвори
А на изглед како е? Инаку нормално е, уште е тазе. Не кревај тешко, пази се и ќе биде ок, не се грижи
Не верувам дека се отвара тѕку така раната. Поминаа неколку месеци од пораѓај и кај тебе... Ехо праеше после пораѓај така?
Да, да правев, се' си беше ок. Може и од ладново па повеќе да реагира. @Iris-1234 мила само полека, не се многу оптеретувај.