Мислам дека е нормално и мене ме заболуваше повремено мада и сега после 2 месеци знае да ме сецне. Од умор е, после операција се одмара, ние како роботи сме.
Да, како да заборавив на раната, а не правам ништо друго освен што се грижам за бебето. Имам помош дома, ми прават сè, готвење, чистење, перење, пеглање ама па детето мене ме бара, реално нема одмор. И да сакам друго нешто да правам, не можам.
Ако не си се отворала со првото, може и со второто да е така, и мислам дека нема да те чекаат долго, особено ако им кажеш за првото, оти без разлика што се поминати години од царскиот има ризик од руптура на матка. Јас така со второто, не се отворав за природно породување, ми даваа провокација, ама џабе, само неколку часа ме држеа со провокација, видоа не оди и ме оперираа.
Мене пак вториот пат ми кажаа нема врска што сум била со првото царски, може да се породам природно, беа поминати неполни 4 години…помина цел ден, немав болки, дури следниот ден ми се појавија ама воопшто не се отварав, а имав прејаки болки, и докторот одлучи царски…исто другарка ја чекаа од петок до недела да се породи природно и успеа, првото царски, разлика околу 5 години. Штознам нема правило, сигурно проверуваат и проценуваат.
И мене ми кажаа така, кај мене беа поминати пет и пол години од првиот царски, и пробавме природно, ама не се отворав. Е среќа што ме зедоа брзо на царски, оти почнала да пука матката. Три часа ме оперираа поради јако крварење.
А провокации не пуштаат? С. Ели беше пукнат водењак, отварање претешко и предолго, па ми пуштаа провокации да се отворам. Лошото, се отворив на крај, но бебе остана горе, сеуште не се спушташе. Инаку вториот пат, со Викториа, брзо и прелесно отварање. Нема правило.
Провокации за втор природен по прв царски не ставаат. Во чаир сум слушнала дека не пораѓаат природно после прв царски на клиника пораѓаат. Така да ако некоја сака даа иде природно по прв царски најдобро и најсигурно на клиника.
За жал никогаш не може да се знае нели како ќе биде… еве за сега, бидејќи веќе трет царски ќе ми е, докторот ми кажа дека ќе биде малку порано од вообичаено, зашто матката се истенчува кај резот. И да ти кажам може подобро, сакам бебе да седи повеќе во меше, ама пак од друга страна ако и тој не сака да ризикува, тогаш сигурно подобро е.
Течеа, 6 саата, со намали пушти, не се отворив ни прст а болка никаква немав. 3 цтг-а донесоа, јок, ништо, а пукнат водењак повеќе од 12ч и реши докторката дека ќе ме оперира.
A da prasam nekoja sto bila porodena carski a da imala prethoden problem so kicma, r'bet, kakva anestezija davaat pri vakva situacija... ?
Баш сега читав дека доколку пукне водењак пред 35та недела, може и до четири дена да трае додека се добијат контракции и да почне отварањето.
Е тоа ме плаши. Во приватната со пукнат водењак не сакаа да ме држат повеќе од 12ч, а ваму ако ме држат 4 дена страв ми е.
Во фазата сме кога само најлошите сценарија ни се вртат. И тука е исто, знам дека во приватната можам одма да се договорам доколку сакам царски, а во државната се додека тоновите се добри мајката е во втор план. Биди позитивна, второ е најчесто многу побрзо отварањето а и ако има нешто, сепак имаш еден царски зад тебе, иако е државно полесно би им била одлуката за царски.