Не верувам тоа да се случи. Зависи од доктор, ама во државна многу доктори не ни сакаат да пробаат природно после царски. Можеби ти ако сакаш да пробаш природно, на своја рака се сомневам да те чекаат 4 дена. Ама на крај зависи од доктор. Мене кога ми пукна веднаш ме однесоа во сала. Бев со високо напукнат ама кога истече се не чекаа ни минутка.
Имаш анестезиолошки преглед ден пред царски (барем така беше на ГАК). Анестезиологот детално сè ме испраша во однос на здравствената состојба и лековите што ги примам.
Кога ќе имаш разговор пред породување, ќе си кажеш кои дијагнози ги имаш. Јас и кога легнав за царски, им повторив таму дека имам тоа и тоа. Додуша, кога се свиткав за боцкање, и самата докторка виде.
Кај мене минело еден ден од пукање водењак додека се породам. Имаше друга индикација веднаш во сала(за царски претпоставувам) да те внесат?
Првиот ми е пред повеќе од 5 ипол години. Меѓу првиот и вториот има добра разлика, а третиот ми е поблиску. Ама и дека е трет, не му се ризикува на докторот повеќе да чека, односно да чека до кај 39.
Да, крупно бебе кое не е наместено ни спуштено. Знаеше докторката дека нема шанси никакви за природно. И докторката што ме прими кажа ова вака што гледам нема да излезе природно. Нема шанси ни да пробувате.
Кај мене беше исто. Неколку бабици стискаа на стомак, качени на бокс, за да го симнат, па после со ќебе ме виткаа и ме стискаа. На крај со вакуум.
Кај мене немало можност за така. Се гледаше на ехо дека е над 4 кг, голем обем на глава, лошо наместено што нема шанси да пробаат рачно да го свртат. Убаво се отворав, лежев на страна, шетав ама ништо не се смени.
Носите ли појас после царскиот? Ако да, по колку време ви одобриле? Уште немам отидено на контрола за да прашам ама страшно ме нервира мекиот, олабавен стомак Кога де превртувам од една страна на друга и кога станувам осеќам ко да ми се "истураат" сите органи па си викам појасот може ќе поможи.
Мене тој што ме породи ми рече можеш одма, мидер или појас. Тогаш бев некој 10ти-11ти ден после царски кај него. И одма носев, ми беше многу полесно, осеќав дека ми е се на место.
Ехх баш заради ова барам, да се осетам дека сè ми е на место. А за колку време се враќа старото чувство т.е дека не се шетаат органите лево десно?
Јас сум породена со царски пред 4.5 месеци уште ни фармерки не можам да носам, пробав и појас ме боли.. сите органи ме болат уште Едит: После еден месец не ми “шетаа” органите при вртење.