Јас не носев од што неможев од болка,многу лош царски имав дека хитен искасапена бев раната ми е одвратна лузна имам од авион се гледа,4 год. се поминати Органите кога се движев мислев дека ми испаѓаат буквално,неможев да дишам мислам дека убаво а идев нонстоп кај синко во болница дека беше во инкубатор долго време ,дури после месец ипол па и два се вратив во некоја нормала,така да ако можеш да носиш,не ти пречи облакај уште од утре.
Баш ми е жал лошо што си поминала Јас некако брзо се опоравив. Е сега дека органите си шетаат и дека раната си наболува при умор и 100 пати легнување станување, тоа е тоа и мора да боли. Не знам дали ќе ми смета појас, не сум пробала да носам ама ќе пробам, се надевам ќе ми олесни.
Носите ли мидер после царски? Колку време се носи, дали постојано или има период на одмор..? Купив еден од Сара Фешн на НББ но уште го немам облечено. По многу читање, препораки и слично одлучив да не носам, да препуштам на мускулите сами да се вратат во првобитна состојба. Меѓутоа два месеци се поминати после царски и некако се премислувам, може е тоа така по книга, но по искуства на другарки и блиски што носеле мидер ( одма по породување) многу брзо им се вратил стомакот... Мене уште ми е така како желе, не кој знае колку ама пак. Претходно не сум имала стомак, ниту бев склона на дебелеење. Сега имам стрии ( се надевам ке избледат со тек на време) и стомак желе, што ме нервира. Килажа вратив, бев поправена 20 кг во бременост, сега имам уште 5-6 кг вишок. И како да приметам дали имам дијастаза?
За дијастаз незнам може и јас да имам имав огромен стомак, ама за мидер моја препорака носи си.Баш погоре зборувавме за ова со Ирис.Мене ми е многу криво што првин неможев да носам,а подоцна баталив не бев одговорна и ми остана стомаче.Незнам дали ќе се повлечеше ако носев можеби не,ама сега ми е криво што не пробав.Инаку носи го денски за спиење не.
Дали денес ви реагира местото кај што сте боцнати со спинална? Мене цел ден ме боли тој дел на 'рбетот па се мислам дали е до мене или па да не им промена на време и реагира
Реагира и после години, барем кај мене, 3год се минати од првиот царски, на промена на време реагира.. и раната исто, ко нелагодност осеќам кога се мења времето
Види чудно кај мене... Прв царски пред 5 години. Ужасни главоболки 2 недели по царскиот. И од тогаш ништо никаква болка ни во кичма ни на промена на време ни на тежини кревање баш ништо.. Овој царски следниот ден по царскиот супер бев, ама на премор, промена на време или свиткана кичма подолго време ме боли ... Некои добри 3 цм околу боцката ме боли .... И до кога вака појма немам 4 м сум породена.
Мене и десната нога стапалото ме боли. Ме болеше 3 месеци после пораѓај и матичната ме убедуваше дека е од спиналната а мене не ми се веруваше затоа еве денес и кичма кај што сум боцната и ногата
Мамички споделете искуство со високо ЦРП после царски рез? Бааги високо е, загрижена сум премногу, 4 ден после царски
Јас имав високо црп и леукоцити после пораѓај.Пиев антибиотик две недели дупла доза знам дека ама не се сеќавам што антибиотик беше и контрола на клиника правев.Се спуштија после антибиотикот се беше во ред.Консултирај се ако се немаш веќе со матичниот или види кај што се имаш пораѓано.
Мора да си покриена со антибиотик после било каков зафат, а поготово царски. Ако пиеш без гајле, ке се спушти. 7-10 дена се препорачува, конс и гинеколог. Јас земав Панцеф 10 дена.
Може да ми кажеш повеќе околу протоколов кога те примаат? Што испитувања прават? Мора ден пред царскиот да те примат? Кога престануваш со јадење? Продолжуваш со течности како оди се тоа?