Ден пред царски примаат, доктор при прием ти зема анамнеза, прават 3 пати на ден ЦТГ, ти земаат крв за крвна слика и после доаѓа анестезиолог да те испраша детално за твојата здравствена состојба. Јадеш до 20часот, а течности пиеш до полноќ. Утрото ти прават пак ЦТГ, ти даваат чепче да се прочистиш, се тушираш и чекаш да те однесат во сала
Се соочила ли некоја со вртоглавици 3 недели после царски? На крвна слика хемоглобинот беше ок ама не знам како е железото, зар може да е паднато? Или сепак се работи за умор?
Умор, производство на млеко, операција, крварење, железо додајпожелба... Испитај си железо, може ти треба суплемент
Фала првиот пат после цел ден завршив на царски и не знаев која е процедурата. После првиот железото ми беше мн слабо општо целата кс, ама сигурно е комбинација од се по малку, но сепак испитај да не треба да земеш суплементи.
Мила може да ти е и од умор. Јас испитував, освен холестерол минимално над граница се ми беше ок. Препишав на неспиење. Ама секако направи си крвна слика.
@Iris-1234 мене гинекологот кога ме виде на прв преглед ми рече земај суплемент за железо ми личиш истоштена , без да му се пожалам . Имав и јас вртоглавици железото беше во нормала, па сепак нормално е мислам и сега чат пат знае да имам, со низок притисок сум башка… Гледај да се пазиш со витамини, јади редовно, пиј многу течности…. Сепак провери си го и железото да не ти е мисла….
Јас и со првото не се отварав ни со ова. Знаеш дека со денови бев еден два прста отворена, крварев, ама никако не се отварав. Секако ќе беб царски, ама бев и во болница затоа, да следат. И во Мк за првиот пораѓај докторот ми кажа дека немало ни да се отворам, а синко стануваше тахикардичен. Јас. Цел месец. Крв проверив, темелно и тоа,бев на очно и ми правеа некои снимања. Се беше во ред. Од анестезијата мислам беше. Јас бев со целосна.
Фала ви девојки, ќе направам крвна слика обавезно ама сигурно ќе ми треба некој суплемент, ги заборавам да ги пијам и овие пренаталните што ги пиев во бременоста
Јас чекам прва контрола за доктор да ми одобри, а и чекам да престанам да крварам. Дали после 40 ден прекинува крварењето или може да потрае?
Може да потрае ама не обилно крварење туку така по малку, колку да мораш улошка да носиш. Јас и овулација имав на 40 дена и добив менструација после 2 месеци од пораѓај
И сега не крварам обилно ама сакам што поскоро да заврши и ако може да не добивам прерано, да одморам уште малце
Јас првото го доев и добив после 7 месеци, сега не дојам и ете Овулацијата толку рано ме плаши, а освен кондом друга контрацепција не ми дозволи докторката наредни 6 месеци
Леле колку приказни ми излегуваат за жени што после пораѓај многу брзо останале трудни, страв ме фаќа, не сум спремна за таква грешка... значи пазење ќе треба до максимум
Тоа е доказ дека психата има огромно влијание. Ниедна од тие жени немала секс за да забремени. Плус многу тоа време дојат и не можат да знаат кога овулираат