Море каква овулација имав сега пред да добијам не ми се веруваше И тоа иста дата како пред една година кога се зачна малава, па ко ми влезе страв во коски едвај чекав да добијам Сега па овој месец ни овулација ни бутур, може и нема да добијам па стресови до макс
Мене овој месец ми каснеше 8 дена што кај мене многу ретко се случува.. исто еден страв во коски, а користиме заштита. Ми иде 2 кондома да ставаме
Мајки ај и тука да пробам, поактивна е темава. Мидер да ми препорачате? (Освен на НББ зошто не сум задоволна).
Јас гледав во Енци Менци ама не знам дали се добри, ако некој има искуство нека пише и јас сум заинтересирана
Женски, две недела како сум породена со царски, во понеделникот бев на контрола и матката уште не се вратила. Стомакот ми е како издишан балон, крварење имам чат пат, со тоа што докторот ми рече дека ќе крварам и до два месеци поради тесното грло и како ќе се движам повеќе така ќе има крварење. Стомакот ми е многу чуден, горе кај желудникот рамен како и претходно но долу кај резот е малку заоблен и како да ми тежи. Ова ми е прв царски и не знам што да очекувам, дали сето ова е нормално? Во секој случај како да не е мој стомакот, на допир е осетлив, страв ми е да го допирам. Ве молам ваше искуство, до кога вака ќе биде?
Сосема нормално е,ќе се врати со тек на време не е баш едноставен царскиот,многу слоеви се исечени за да се дојде до матка.Додека се обноват сите нерви мускули ткива стомакот не си го осеќав доле како отрпнат ми беше како да не е мој и е сосема нормална работа кај најголемиот дел е вака и зависи до личност различно е и времетраењето на ова чувство.Сеуште ти е многу рано за да се врати се во нормала не се грижи.
Година ипол после царски, го кренав син ми и ме пресече болка, баш кај сеченото, од внатрешна страна. Може после толку време нешто да се деси?
Се ова е нормално, а и многу рано си отишла на контрола, се оди после 40 дена. И јас крварев околу 40 дена , со првото дете скоро 2 месеци.
Фала ви мамички, ме смиривте, сега е подобро, најверојатно на моменти го чувствувам потежок, не сум опседната, немам време од обврски Ќе одам пак на контрола за месец дена па ќе видиме, телото си бара време за рехабилитација, само што обврските бараат одма да си во акција
Ми пресече болка во крстот позади при наведнување, ама ненормално ме заболе, среќа се фатив и полека седнав.... Попушта ама боли при нагл потези, повеќе од левата страна .. Дали сум преладена зошто одам боса дома и вчера седев 2ч без јакна во незгреан стан, или може да е последица од анестезијата? Породена сум во јули. @eli25 ти имаш 2 царски, може знаеш за ефектот на анестезиите после х месеци??
Прв царски пред четири години, втор пред четири месеци. Не можам да бидам во наведната положба како на пример кога чистам со правосмукалка, потоа едвај се исправам, од првиот царски знаеше така некоја остра болка да ме пресече, но не до неиздржување. А сега пак не можам долго да лежам на грб, ако на пример заспијам на грб, потоа едвај се исправам
Aххх се си мислев после 6 недели ќе може Сега ќе правиме 6 недели па полна со ентузијазам мислев конечно ќе почнам со вежбање
Јас си мислев само јас бев така. Не знам дали е и со природно породување така, ама со царски срам ми беше 2 месеци да се доближам до некој. Таква смрдлива пот немав ни во пубертет. После 2 месеци помина ... или сум се навикнала, шо знам
Ми се намали потењето мене преку ноќ, сега само кога го цицам се потам многу... Како и да е, ужасно е, смрдиш, мокар си цело време и колку и да се тушираш џабе е