И јас бев во Август. Тоа некое хормонско потење, ужасно. Од денот на породувањето кога ме шприцаа хормони па до вториот месец ми траеше.
Второто ми е царски, ама мислам дека помалку смрдев, ем дека второ, ем дека млеко и се тоа полесно ми дојде самото доење. Не го припишав на разликата природно/царски, повеќе на прво/второ дете и на Август/Април разлика.
Жени породена сум со царски пред два месеци. Крварањето никако да ми се регулира. Првите 20 дена имав крварење, но само првите денови обилно, после само на бришење. Бев на контрола кога имаше поминато 30 дена, се беше во ред. Сега ми се појавува еден ден мало крварење, не обилно, на бришење има по нешто, после 2-3 дена нема ништо, па пак исто. Има ли некоја искуство, нормално ли е, што може да е? Докторот не е тука моментално, после празниците планирам да го барам.
Нормално е да престанеш да крвариш, па за некој ден пак. Јас некаде 50 дена крварев, со различен интензитет и боја.
Докторот ми рече дека до 2 месеци може да има крварење, јас сум после царски, месец дена како крварам, ама се’ по малку. Во вторник сум на контрола па ќе прашам пак уште колку се очекува.
Женски 9 дена пост партум, крварам многу малку ама и тоа крварење не е крв туку е како секрет некој портокалов. Не мириса, болки немам, едноставно не е крв туку како секрет лигав. Се соочила некоја со ова? Следна недела секако ќе одам до кај доктор, но до тогаш сум на мисла.
Јас после царски бев така една недела само оскудно некое не беше ни крварење некое и толку.До пред 40 дена јас веќе си имав нормално добиено 4 дена и нареден месец пак на ист датум,дури се зачудив кога и како можеше нели викаат се крвари па со месеци не добиваш јас одма Се беше во ред на две контроли бев на 4 недели и на 6
Јас крварев една недела и после уште една недела како жолтеникав секрет. На 40 дена и ми дојде менструација.
Неколку дена крв после секрет вкупно недела дена негде и прекина се.Следно беше нормално стандард добиено на месец дена,и после се редовно.
Не вежбај да ги оптеретуваш стомачните мускули ама можеш да се истегнеш, да се размрдаш лесно колку да се осеќаш полесно. @AngelOfArh И со двата царски имав таков исцедок подолго време, се беше во ред. Дури и бојата на секретот од овулацијата ми е сменет.
Фала ти мила Значи после царски човек е како инвалид, немој тешко, немој да вежбаш, немој ова, немој она, само забрани После колку време може стомачните да се оптеретуваат? Па за нив најмногу вежби требаат за да се врати стомакот во нормала
Ќе се врати стомакот не се секирај. Две деца родив со царски, после првиот бев како 6ти месец трудна, еве ме сега рамна. Кој ќе ти каже кое е правото време, јас би ти рекла кога ти се осеќаш спремна. Има жени 3 години после царски ако се наведнат не можат да се исправат. После првиот се пазев, не кревав, не вежбав, почнав со вежбање после 4-5 месеци. Сега немам време за вежбање ама од прв ден го кревам поголемиот во раце (14кг), трчам со него, работам се по дома, пазарам тешки торби. Немам време и услови за пазење. Во ред сум, не сум имала проблеми ама не можам да ти кажам кревај и ти. Како се осеќаш, така, слушај си го телото
@AngelOfArh 3 фази има на крварење после пораѓај, lochia rubra, lochia serosa и lochia alba. Твоето изгледа е втора фаза сега ама може и да се врати на првата фаза црвено крварење. Последното алба е жолтиот исцедок на крај. Да прашам јас дали е можно 4 месеци по пораѓај грбот да ми е здрвен ко под анестезија од спиналната? Горниот дел таков ми е неколку дена.
Фала ти мила Генерално супер се осеќам, освен што кога ќе се наведнам и кога ќе стојам така подолго, тешко ми е да се исправам, како укочена сум и баш поради тоа мислам дека ми е потребно вежбање ама како што кажа ти, ќе почнам со истегнување и лесни вежби па ќе видиме како ќе биде, ќе си каже телото само И во право си, со второ дете едноставно немаш избор да се пазиш ама жени сме-јаки сме, ќе издржиме