Da, Plodnost. Sekoj den novi raboti ucam, nikade nemav procitano deka e taka, nitu pak nekoj kazal. Dovolen mi e podatokot deka ke moze cepcinja da se koristat ako imam maka. Fala mu na Gospod nemam maka jas, se nadevam ke nemam i posle. Tebe Kika, ako mi treba nesto ke ti pisam i od tamu, ko najtaze izlezena.
Исто. Јас крварев скоро два месеци со различен интензитет, после имав како исцедок некоја жолтеникава нијанса, гинекологот рече нормално е. Сега пред два дена кафено како при крај на менструација 3 месеци како сум породена.
Мене не ми ставаа клизма. После 8-9 дена отидов во тоалет, со живи маки. Додуша мислев пострашно ке е, ама како и да е уште не ми е регулирана столицата, имам опстипација. Претходно секогаш сум имала ретка столица сега веќе не.
Прочистувањето за царски е побитно, ти ставаат анестезија и постои ризик од компликации а инаку сите какаат на природен кој повеќе кој помалку
Јас одев на договорено породување, во Чаир. Не одев ден претходно, отидов кога ме фатија болки (не беше планиран царски сакав спонтано породување). Клизма не ми ставија ама немав јадено сиг 12 часа. Исто за испуштање не ме чекаа да се испразнам ме пуштија на 3 ден во договор со докторите што ме породија, иако се слушав за се што ми требаше на телефон. Чепчиња не ставав ми беше језиво мада имав купено за недај боже, јадев полесна храна само.
За првиот царсли сум пишувала, или јас имам црна дупка или стварно не ми ставале клизма. За овој целосна подготовка со сите салтанати. Е тоа дека не пуштаат од болница без да излезеш по голема нужда ми стоеше некаде потсвесно дека е така, ама го подзаборавив. Вечерта пред да ме испуштат кога пројде визита и кога ми рекоа без да одиш нема испис, ми се стемни, ама им релов дека ќе бегам ако не ме испишат. За среќа чепче ми оставија, па колку толку завршив работа иако во празничниот хаос со намален персонал, и многу трудници за испис никој не се ни сети да ме праша дали сум завршила работа. Дури утредента 5 дена после царскиот прилично се олеснив и сега и јас сама сум раат, зошто на тоа јадење во болница што го дадов страшно ќе беше ако не излезев. Незнам за вас, ама јас дека со маката со киселините последните 2 месеци бев мртва гладна, кога ми се отвори еден апетит, едвај дочекував нареден оброк и се си таманев. Дури и лепчето ако ми останеше си го чував, па ноќе станував и само сув леб јадев. Утре планирам да се качам да видам што вика вагата. Пред пваа бременост бев 50кг. Сега па и со јадењево деновиве забавна ќе е сигурно бројката на вагата. Инаку царски број два. Опоравувањето првите неколку дена личеше дека и нема да оди баш како што посакував, како првиот пат. И така беше првите три дена, еден чекор напред, два назад. Ама последниот ден кога ми текна на мали дома дека ме чека да ме види и после сите перипетии морам да бидам силна пред него, ми дојде силата и се кренав прилично стабилно. Значи што значи мајка, понекогаш ќе ја најдеме силата и онаму каде што ја нема.
Се породи, мила? Јас изгледа сум пропуштила Здрави и живи да сте, среќа да ве прати цел живот Тебе побрзо закрепнување
Да пишам и јас за мојот трет царски… Искрено, многу се мислев како ќе бидам после царскиот со оглед на фактот дека ќе биде трет, дури и психички се спремав дека станувањето и цело опоравување ќе биде потешко… ама мора да кажам дека иако трет, најлесно поминав. После царскиот, после интензивна, околу два часа после царскиот, сама се префлив од кревет на кревет два пати, другиот ден станувањето ич не беше страшно, иако кога дојде сестрата за да станам и кажав да почека да се спремам психички После тоа си станував сама, па си се истуширав, што првиот и вториот пат не можев да помислам Сите што се слушнав на телефон штом се породив, ми кажаа дека многу свежо звучам Со мм се слушнав од сала, а потоа и од интензивна со сите најблиски. Иначе клизма ми ставија, а во тоалет бев без чепче иако ми оставија за да може да ме испишат. Ама сестрата ми донесе кафе па тоа ми помогна Се сеќавам дека за вториот царски не ми ставија клизма, а и ме испишаа без да одам во тоалет, ама реално тогаш беше друга ситуацијата и докторот не сакаше да ме малтретира дополнително.
Јас сум на ГАК породена со царски, и исто се сеќавам дека ден пред да ме испуштат ме прашаа дали се имам испразнето. Инаку јас сум со крш метаболизам во нормални услови два пати неделно ми е сосема океј, така функционирам цел живот. И на тоа јадење, односно не јадење незнам како очекуваат да отидев по голема нужда. Утрото пред испис пак ме прашаа и ми оставија чепче сама да се средам. Но јас имам голема аверзија кон тие чепчиња и искрејно не направив ништо, кога ме прашаа дали успеа им реков да. И ден два дома си се олеснив се си беше во ред. Сега пак сум трудна, поради мала разлика ако пак ме пораѓаат царски и имам со ова исти проблеми исто планирам да направаем. Ама тоа бидејќи си се знам дека ми треба повеќе денови таков ми е организмот. Инаку мислам дека е доста важен моменти не е за занемарување, сепак црева се ваделе, ределе...... Баш охрабрувачки за втор царски, се надевам исто ќе имам сила сепак дома те чека уште една среќичка, поради нив мора да сме силни.
Искрено првите три дена си приплакував. Не дека ме болеше, тоа знам ќе помине, ама мислев дека нема да застанам на нозе додека ме испуштат, а не сакав поголемото синче да ме гледа така. Она што мене ми помогна (бар мислам ми помогна), е дека пред да станам си правев блага компресија на раната и некако како работите повеќе да си доаѓа на свое место. Плус мислам и ладни облоги ми помогнаа, зошто имав блага иритација на кожата па ми ставаа облоги со ацидиборици.
@Ano и јас сум пропуштила, да сте здрави и живи со бебуш За јадењето по царски иста бев, ама како тргнав со јадење еве 4 месеци немам застанато Побрзо опоравување ти посакувам
Супер совети ти благодарам, ќе видиме за 6 месеци како ќе поминам јас. Првиот царски ми беше убаво искуство, баш со ништо немав проблеми ни болки и од прв ден се сама си правев во врска со бебе и мене. Се надевам барем пола од тоа да биде и вториов, ако пак се пораѓам така.
Ништо не ме прашаа, ништо. Додуша, јас се испразнав додека бев во болница после 2-3 дена од царскиот.
Јас не, од што ќе се испразнам, во 5 дена бев јадена 10 бисквити и едно шише вода дури дома...а и јас мислев нема да ме пуштат од болница без одење во ВЦ, така имав читано ама изгледа секоја болница своја политика
Кај се породивте? Од лично искуство во Чаир не чекаат само прашуваат дали кркорат цревата и гасови дали имаш. Исто и за ремедика не чекаат, или пак така ми се погодило