Да, многу е битно. Мене прво ме прашуваа дали проработија цревата, викам не знам, нешто ми шета низ стомак, дал е матка или црева не знам Зеде докторката слушалки и ми наслушуваше црева и ми потврди дека почнувале да работат ама до последниот ден не успеав да се испразнам па за да може да ме испишат ми дадоа чепче. Секој ден прашуваа дали и колку крвариме и дали се празниме и запишуваа на тој извештајот што стоеше закачен на кревет.
Се извинувам преска морав да го бришам постот хаос ми беше цитирањето не можев да се снајдам од телефон Искрено што да правам, немав друго решение, викаат не смееш и толку...скришно излижав едно ментол бонбонче и тоа беше се....Уште доктор ти се смее во фаца, абе што ќе ти е вода, мислам ало малку однос...а за поврзаноста со исфрлање течности и анестезија така е, претходно сум три пати правена операција, секогаш одма ми давале да пијам за побрзо да се исчисти анестезијата..не знам Мене во 11 царски ме правеа во петок дури неделата ме префрлија во соба...не знам дали им е протокол или недостаток на кадар, вака сите родилки им бевме на исто место, полесно им беше и за празнење катетри, давање терапија и итн..имам две блиски во последниве 6 месеци породени во истата болница, исто три ден на интензивна, два во соба и петтиот ден дома ако е се океј со бебчето..по цел ден примавме течности преку инфузии ама да не можеш уста да навлажниш не е океј
Моето искуство со ГАК пред околу година ипол е дека сите на интензивна што лежевме 3 жени, минимум еден ден бевме на интензивна. Така да нема правила, како ќе ти се погоди.
Сигурно зависи и од состојбата а и од бројот на слободни места, пред месец и пол кога се породив јас се лежеше околу 8 саати, а некои лежеа и помалку затоа што на интензивна немаше место.
Дали е нормално скоро 6 месеци после царски уште да ме пече на резот? Не постојано но имам болки на допир. Да трчам или скокам не смеам ни да помислам, боли- кине. Бев на лекар, ми вика се е во ред. Дали има некоја слично искуство и кога завршија болките?
И мене знае да ме запече, ако имам услови а најчесто имам, одма се туширам. Знае и чудна тапа болка од нигде никаде, исто сум породена пред 6м. Мислам дека ми смета смотскот кој ми остана, никако да го смалам , само се поправам, и мислам тоа ми влијае на раната... Јас останав на интензивна скоро 24ч. Од една страна немаа ни таму место ама од друга страна не можеа и доле да ми најдат место, па последна од сите со царски ме преместија доле во соба за мајки и бебиња. Часовите на интензивна ми беа крш, лелекања, напикани секакви случаеви на едно место, ЕКГ апаратите.... Среќа персоналот беше коректен.
Сега па тешко се наоѓаше место на интензивна ама сепак минимумот од 8 часа го почитуваа. Јас искрено што од возбуда што од лекарствата не ги ни приметив тие околу мене. И се согласувам со тебе, персоналот е многу коректен, цели време ме прашуваа како сум, дали нешто ми треба и дали сакам да ми појачаат лек против болка.
Мајки дали еден месец после царски можно е да имам главоболки од спиналната? Ама секој ден...пијам апче поминува и после пак...
Има ли некој проблем со мн болни оволуции после породување(царски)?Ова не е подносливо.Со два аналгетика сум од сабајле и не се смирува воопшто.И секој месец истото ми се случува.Хормоните се во ред,ехото исто.Пред породувањето го немав овој проблем.
Иста бев и јас после првиот царски. Немаше шанси да ја погрешам зошто такви болки од јајници што се шират нагоре до слабина.
Јас добив мислам после 40те дена, ама ако доиш може и подоцна да е, некои што дојат знам и цела година немаат Ако не доиш би требало кај и да е да дојде