Сакам да прашам како ве советуваат докторите за раната за после царскиот, како да ја третирате дома, мене Бт на болница ми рекоја да ја мијам со вода и сапун, така и праев, е сега имаме еден пријател спец хирург е сега за гинекологија во Сплит Хрватска, ко му кажав ми рече, Ма ви нисте нормални, како вода на рана, не смеј вода да ја допри раната дури не оздрави, какви се тие доктори да одам да му кажам...и така натака... Мене тогаш споро ми заздравувавше да речам не памтам точно ама 2,3 недели сиг, па и банеоцин прашок ставав, а се праев операција за жолчка лани и не ја воденев раната воопшто 1 недела, 4 беа дупки/рани пошто лапараскопски беше, па побрзо ми заздравија. Какво е вашето искуство?
Совет ми беше туширање и раната да се исуши одма убаво,без сапуни шампони миење на нејзе само вода.Мннн брзо зарасна.
Јас ист совет добив, со вода и сапун. Ептен брзо и одлично ми заздрави. Ми рекоа само шампон да не паѓа на раната.
Мамички кажете ми после колку дена пд царски ви докде млеко? Јас денес 4 ти ден породена уште немам, градите ми се направија камен тврди, жешки се, и како треска малце имам. Беба ја ставам на гради цело време и пијам вода и сок од јаболко. Ги масирам и стискам цело време. Некој совет друг?
Топол туш на градите јас и со фен ги дував да се загреат и омекнат, грчко семе пиев за лактација и на почеток користев и пумпа додека да почне. Гушкајте се кожа на кожа. После бебе си превзема работа. Полека само опуштено мене ми дојде 5/6 ден по царскиот
Штом ти се тврди и имаш треска сигурно имаш млеко, внимавај може и мастит да направиш. Брзо под туш, масирај со топла вода за да пробијат каналите и млекото да почне да излегува за да не си направиш проблем, па после дај му на бебе да цица. Исто, можеш во мало шишенце топла вода да наполниш и да го ролаш врз градата од сите страни, па ќе видиш ќе почне млеко да истекува.
Пумпа за молзење, бебето нема мн сила да трга сега а тебе млекото ти останува, после секое доење молзење уште неколку мин да се испразни градата, со тек на време ќе се стабилизира.
Утре дента после царскиот дојде докторката , и ми рече туширање нормално , одма се истуширав таму , инаку во 11 сабајлето ме породија во 8 вечерта станав , од утре дента како да не сум била породена царски , после дома со бебе сама , алал нека и е стварно
Жени што може да се направи за лузна од царски сеуште затега и болна е на допир.. Тесно не можам да поднесам ме чеша ме боцка како иглици.. Породена пред година и пол,лузната е келоидна. Да се третира келоидот би било доволно или е некој проблем внатрешно? Никој не знае да ми кажи
Isto sum porodena pred godina I pol Carski, igrlicki I zateganje osekam na promena na vreme a luzna nemam.. od Plodnost mi imaja daeno flaer za nekoja krema za da ne se poznava luzna I mnogu mi ja pofali sestrata. Mislam beshe kontratubeks, rece deka ima I lepenki so isto dejstvo
Каков контратубекс стероид боцнав и пак си ја има.. Не ми смета тоа толку колку фактот што осеќам физички како ме чеша и ме боцка нонстоп..А внатрешно мн ретко ме штрекнува.. Има врска шиењето/лепењето со стварање на лузна или се е до тоа како реагира телото? Ми иди да одам хируршки да ја отстранам само да не ја осеќам
Се едо телото има луѓе посклони да ствараат келоиди и да отидеш на пластика ништо не ти гарантира дека нема пак така да зарасне. Тие сензации ти се од нервните завршетоци што нормално со царски се сечени. Пробај со б витамини или р липоин нешто такво дали ќе помогне.
Пијам веќе дулоксетин..Ми поможи ама не 100%. Пред да ги почнам алиште не смееше лузната да ми ја допри.. Се регенерираат ли некогаш па макар и многу бавно да е или нема шанси? Осетот ете ми е вратен ама болката е присутна..
Дали сте имале уште поизразени отоци на нозете по царски и колку долго траат? Осми ден по операција ми е, стапалава стануваат се пострашни и пострашни. Не е до килажа сигурно, уште во болница ди ја вратив истата килажа од пред бременоста. Отоци имав цела бременост, ама ноќе бар подспласнуваа, по царскиов воопшто не, секој ден се се поголеми. И што треба да проверам за да се најде причината?
Proveri ddimeri, da ne treba kleksani da bockas. Posle carskiot ne ti dadoa da bockas uste nekoj den?