Ме боцкаа во болница и кога не пуштија кажаа да ги прекинам. Имав дома уште 2, ги боцнав и тие ама не се смирува, само се влошува. Ми кажаа демек со одмор и протеини ќе се смират, ама со две бебиња богами еден одмор што можам да си дозволам
Притисокот се спушти, качив на породување и траеше неколку дена, сега е ок, сега останува димери и хемостаза да проверам.
Јас бев дупло поголема после операција. Немав колена како трупче бев 10 кила отоци имав на мене кои ги снема после 2 недели од пораѓај наеднаш. Само во болница ме боцкаа и толку.
Во болница не ти ги проверија пред да ти кажат да не боцкаш дома? Додуша, не знам дали им е пракса такво нешто, јас сама барав да ми ги проверат. Кога го добив резултатот дека се ниски, тогаш ми кажаа да не боцкам дома.
Искрено никој не може да каже како и дали и кога за вакви работи, секој организам е различен... Се надевам дека ќе се среди со тек на време.
Како не ти дадоа и дома да боцкаш? Обично даваат уште 7 дена дома... Мене на ГАК ми имаа дадено 7 дена дома да бкцкам па контрола, не ми беа скроз спуштени на контролата па докторката што ме породи ми даде уште 7 па пак контрола, е тек тогаш ми беа во ред и прекинав со боцкање. Инаку минимални отоци имав два три дена после царскиот.
Јас имав отоци едно 2 недели после царскиот. И кај мене изгледаа страшно, ми се тресеа стапалата ко желе. Сами си спласнаа, ништо не правев освен што гледав поткренати да ми се. Третото тромесечие ми помина исто со отоци, ама спласнуваа до сабајле. Немав покачени димери, уредна бременост чисто како инфо за споредба. Ако не ти спласнат за 2 недели провери димери или консултирај се со гинеколог.
Не ми проверија, анализи на мајка прават само на прием. А прашав за дома терапија рекоа ништо. Таму ми го следеа само притисокот, кога се спушти ме пуштија.
Во бременост понекогаш спласнуваа ден два па се појавуваа. А сега само се зголемуваат, и во ширина и во висина стапалата ми се најгрозна глетка на светов. И болката е тапа, како отрнати.
Супер штом притисокот ти е во ред. Знам колку е напорно со бебе, а ти си со две ама сепак секој момент кога можеш да искористиш да се одмориш, кревај ги нозете на високо, пиј многу течности и гледај да не јадеш многу солено па од кога ќе ги добиеш резултатите ќе знаеш како да продолжиш Ќе биде во ред
Ќе ти спаднат. И јас се чудев колкави се и дека немамда мижам ниедни обувки да носам ама соаднаа за максимум 2 недели. Кревај ги колку можеш и ќе биде добро за некој ден. Димери не е на одмет да испиташ како пто и веќе ти кажаа, ама мислам дека ти е само реакција од анастезија и ќе помине за брзо.
Фала ти. Ќе поминат, искрено се надевам, можеби и јас магично очекував одма се да се врати во нормала, ама не можело така
Нормално ли е после празнење повторно гасови во цревата и осет као меурчиња да пукаат во стомакот? Се работи за трет ден после царски.
Нормално е да,им треба време на цревата да си се наместат да се смират толку време биле стиснати кое натака кое навака пустите Јас после царски имав многу гасови
Нормално е, да. Ќе се среди со тек на време, индивидуално е колку ќе трае. Мене доста време ми беше така, можеби три месеци црева ми кркореа. На интернист бев на ехо бидејќи понекогаш и болка имав. Од гасови не можеше панкреасот да ми го види. Морав да земам Еспумисан и потоа се среди.