Дали нешто мачкате на раната? Веќе 7м како сум породена, но имам стомак (не од бременоста и пораѓајот, туку се опуштив и поправив малку) па знае да ме запече резот и црвенило да имам....
Anesteziolog odreduva vo zavisnost od zdravstvenata sostojba na majkata. Te isprasuva pred carskiot i odlucuva sto e najdobro. Obicno so spinalna se odi. No ima slucaevi i so celosna.
Од многу фактори, твојата физичка и психичка состојба т.е здравствени проблеми, состојба на плодот итн. Најчесто како што ти кажаа се става спинална, но ако не дај боже испаничиш или нешто се искомплицира може да те успијат во секое време.
Јас сум ти случај каде почна со спинална, но од мојата паника претпоставуам, или па не фати убаво анестезијата незнам што точно беше, ама кога почнаа да сечат вриснав на цел глас осеќам боли, и следно што се сеќавам е дека ми ја ставија маската врз нос/уста, и се разбудив на интензивна. Пропуштив и вадење бебе и првата слика и се, за жал. Знам само рекоа едвај и ме успале скроз ако прво ми дале доза за 50кг, после дури со доза за 150кг ме успале. Ама јас знам и за заб кога вадам никогаш не ми фатила првата анестезија. Значи може нешто до мене е, немој да се плашиш.
Секогаш предност даваат на спинална. Ако е договорен царски. Подобра е од целосна, не влегува во крвотокот на бебето. Мајката е будна и веднаш се запознава со бебето. Целосна анестезија даваат ако состојбата на мајката или бебето укажуваат на потреба од истата. Пример ако мајката има панични напади, ова само една од причини. Ако се пораѓаш во приватна и веќе си примила епидурална, ако почнеш природно па мора итен царски, тогаш ке остане епидурална.
Мене млеко не ми дојде се додека не го ставив на града. А добри два дена никој не ми кажа, покажа, ниту па јас бев свесна (ми го донасаа најаден, плус резерва шише ако мислам дека му е потребно). Кога го ставив на града првиот пат немаше ништо, вториот пат веќе надојде млеко.
Понеделник во 22ч породена, вторник во 22 в соба пренесена, средата со пумпа се молзев, моја си носев и вечерта ми дојде млеко. Бебето ми го донесоа во средата после 9ч, ги замолив вторникот ноќта да ми остават катетер да не станувам ноќта имав чоек мој таму што му рече и ме поштедија Бт на државна. Иначе на државна само штом те пренесат в соба ти оставаат бебе и се сам му правиш, со тебе е цело време.
Бт ти го оставаат сама да се снаоѓаш како знајш и умејш. Бар со нас така беше. Јас искористив 1 ноќ само, веќе од средата си беше нон стоп со мене до петокот дур не не пуштија дома.