Не сум била кај Митко ама знам дека е одличен, за Гордана исто многу комплицирани бремености водела, другарка одеше кај еден добар нефролог од таму само он и го реши проблемот со некоја уринарна бактерија што не можеше да ја откачи... Сакам да кажам одличен тим те следи, сигурна сум ќе донесат одлука со најмалку ризици и за тебе и за бебето. За плацентата не се секирај, знам дека се плашиш за крварењето ама има многу примери со тотална превија што поминуваат без никакви компликации. Си знаат што прават, имај верба и опушти се колку што можеш. Знам дека како наближува моментот те фаќа чувство на неизвесност, ама нема што да правиме друго освен да слушаме насоки и да се препуштиме. Пиши што ќе ти кажат во вторник
Нема врска со железото. Во бременоста косата воопшто не паѓа, и после породување мора сиот вишок да испадне. Тоа се вика ефлувиум. Јас на пример, после три месеци од второ породување немав никакви проблеми со железото и хемоглобинот, косата пак си паѓаше, некаде до кај 8-9 месец после породување. Инаку сум со хронична анемија, од мои 15 години, само после второто породување кога не добив менструација цели десет месеци не бев анемична. Штом почнав да добивам, се вратив на старо со анемијата. Сакам да кажам, дека повеќе од пола живот се борам со анемија, косата никогаш не ми паѓала како последица од тоа. Ако беше тоа причината, јас немаше да имам воопшто коса, имајќи предвид колку долго се борам со анемија..
Носев мрежести гаќи и дома, ептен ми беа удобни и пријатни, не ги осеќав на мене. И за второво планирам од нив да си земам. Во Зегин се мислам по 5 во пакување, а во тие од Ремедика 20. Јас дома едно цело потрошив и малку од второ пакетче. Користев од тие во Ремедика што ги има.
Земи си од Ремедика, најдобри се. 20 во пакување се, а се околу 400 ден. Преудобни ми беа. На болноца не носев ама дома со денови носев такви затоа што многу позгодно ми беше.
Може и така да направам. За една употреба се носат и се фрлаат? Сакав да прашам во вторник во Систина може истите ги има,ама па незнам како изгледаат тие во Ремедика.
Бидна и царскиот. Браво на сите што викате дека сте поминале супер. Алал да ви е и што бебе сте гледале од сам старт. Не бев зашеметена, немав ни паника, смирена си бев. Не ми дадоа ништо за смиривање, кажав дека нејкам. @АнаМаријаД гаќи може не одма но после тоа мене баш ми се најдоа. Лабави се комотни и високи над раната. Со обични мислам не би можела.
Честитки мама да е живо и здраво,а тебе побрзо опоравување. Пиши кога ке можеш како помина се,и мене ме чека за брзо време
Сигурно е др. Љупчо Стојковски,и јас одам кај него. Пошто друг нефролог колку што знам нема во Систина освен него.
Секоја приказна е различна, секој различно ги доживува работите. Некој е појак, некој послаб. Јас ќе кажам само дека природно поминав многу полесно(со првото). Со лесно на сите, се се заборава, мајки сме, жени сме, јаки сме, можеме да издржиме се за нашите најмили
Можно е, мене од железото ми паѓа... знам кога не се чуствувам добро дека ми е ниско и земам пиам железо таблети и ми се средува и косата...