Исто мислев после царскиот, ради него одвај се решив за второ првото станување е најтешко и најболно, после секое станување е полесно за 2 недели веќе ми беше полесно, секоја жена различно и ја доживува и болката и на секој ни е различен прагот на толеранција за болка, мојот е многу мал со лесно опоравување за 2 недели ко нова ќе бидеш, живи и здрави да сте, се поминува и се заборава
Првото станување не се заборава После првото станување заспав во истата секунда кога легнав на кревет Најважно е дека сè се заборава
Даааа, ужас невиден. Тогаш му се јавив на маж ми и му реков да ни е здраво и живо бебето ама толку е од мене, веќе не врвам низ ова. Еве сега 3 и пол месеци после пораѓај веќе размислувам кога да го правиме второто
@Giovanna Бев прееска јас кај Митко,рече заради бубрегот е цел проблем затоа сака порано да ме породи. И сега утре сум и на уролог и кај нефрологот и да го виделе бубрегот да кажеле дали се влошил или ке може да се издржи уште некоја недела. Па Митко според тоа ке одлучи дали да примам зреење и порано да ме породи или вака ке терам до 36-37 максимум недела. Утре треба извештаите да му ги пратам па ке каже. Царски ке си биде секако тоа заради постелката неможе поинаку. Иначе искрено заборавив да влезам во аптеката во Систина и да прашам за мрежастите гаќи ама утре ке одам пак и ке прашам.
@АнаМаријаД пуштам среќа да ти кажат добри вести денес И јас треба да одам деновиве, ќе прашам ако изумиш ти, не се секирај. Освен ако не донеле во меѓувреме се мислам дека сепак ќе треба да си ги набавиме од Ремедика.
Ако се пораѓаш во Систина, без грижи. Јас од страв не можев крв да вадам цел живот, а сега пак би идела на втор царски одма бидејќи предобро поминав, многу брзо заздравев и јас и раната. Среќно!
Сега за кратко ке одам па ке пишам што сме се договориле Да во Систина ке се пораѓам,ама стравот е од крварење заради плацентата иначе царски ко царски ке си пројде. Се молам само да пројде ок се без крварење некое големо зошто опасно е. Со плацента превиа тотална сум.
14 дена поминаа од вториов царски, утре вадам конци. Ама скроз сум заборавила дали болеше вадењето конци?
@Giovanna Бев јас и сабајле кај урологот и сега вечерва кај нефрологот во Систина,хидронефрозата е зголемена сега е трет степен за жал. Ми објасни докторот дека сега бубрегот е “успан” па затоа немам болки. Наводно тој бил таков орган што кога ке осетел дека не функционира како што треба се успивал. Ако е од бебето рече ке си се разбуди после пораѓај и ке си биде ок,ако е од камења ке мора ЈЈ сонда да ми стави. Додека лежам во болница од царски ко ке се породам тогаш и ке ми го снимаат бубрегот па ке видат,пошто сега не смееме нели ради бременоста. Битно имало три месеци фора као од првата болка што ја имав а тоа беше на 23 јануари па до 23 април рече гарантира за бубрегот. Му пратив на Митко извештаите. Ке чекаме до 35-36 и ке ме породи,освен ако не ме фати пак болка некоја со бубрегот или недај боже да почнам да крварам од постелката. И така сега ке си чекам да поминат овие две три недели само и да се породам. Бев иначе во аптеката немаат од тие мрежасти што ги бараме па земав некој специјални на Чико за царски што биле. Имаше две врсти. Овие одат по 4 во пакување,ке се најдат,ама планирам и од тие од Ремедика да земам.
@АнаМаријаД девојче книга можеш да напишеш за патешествиево А баш сакав да те прашам што бидна со бубрегот, не сум те прочитала да се пожалиш, тоа тлеело во позадина И мене почна деновиве да ме наболува бубрегот како расте плодот, се надевам моментално е и ќе се повлече. Последно имав песок и неколку помали цисти. Ама тоа беше пред година дена. Се надевам нема сега на крај да ме фати и мене Ќе поминат брзо неделиве, се гледа веќе финалето. Битно ќе те донесат до безбедни недели, бебето ќе биде супер и се ќе се заврши како што треба, не се секирај
Нека поминуваат побрзо неделиве и да се заврши се да бидеме добри само тоа сакам. Иначе мислам дека ако така те заболува нема да е страшно. Страшно е како мене таков напад добив на 23 јануари се тресев цела од болка и издржав без апче замисли без ништо. Ми се чудат докторите вика капа ти симнуваме за таква болка. Друг пат не би трпела и би се напила кетонал. Твојот бубрег нека седи мирен уште ептен малку ти остана. Можно е од притисок на бебето дека расте и тежи цела матка да ти е. И мене заради тоа што брзо расте крева тежина овие две недели се случило тоа зголемувањето,ама мојот проблем е друг. И тоа како е наместено бебево цело на десно е многу ретко на лево да го осетам. И не мрда од десно со месеци си е така. И затоа десниот бубрег ми е партал,ама ке издржи уште малку,многу помина малку остана. Пиј ти повеќе течности нека се плакне бубрегот и ке си биде се добро
После цела историја со бубрезите што ја имам, и на најмала болка во бубрег ме фаќа језа. Затоа и тогаш ти реков, ако не дај боже стреба, што ќе ми дадат ќе се напијам ни две секунди не се мислам. Инаку и кај мене бебето е на десна страна, а баш десниот бубрег ме наболува и затоа и си поврзав. Цело време со главчето е надоле, торзото напикано во десниот дел од матката, а ме шутира лево горе каде што и се нозете. Вака е наместена сигурно последниов месец ипол и не менува позиција колку што можам да приметам. Па ништо чудно и да притиска, ама ајде уште некоја недела ќе се стегнат заби што и да биде веќе сум во девети и не се секирам. Фала ти за советите еве пијам многу течности и онака, се налевам и кампувам во веце цел ден и ноќ
Ama ti imas i drugi zdrastveni problemi zatoa mora poranoo.kaj tebe kako sto citav doktor odlucil koga Jas ako treba da cekam do 39ta ke puknam,taka sum golema vo stomak i otecena vo noze i se me boli a ushte sum 27ma nedela
Ааа ти мислеше на онака договорен сама да си побараш. Е за така не знам дали би можело стварно. Треба да се праша доктор кој што би сакала да те породи.
Tesko toa na privatno,iako doktorkata mi rece da vlezes vo 37ma nedela pa ke vidime koga,imam i pritisok pa po muabet ja svativ porano deka ke bide...