Нема да ти се случи. Секое наредно е полесно. Знам како ти е, првото станување ќе го памтам дур сум жива.
Мене обратно, со првиот станав пушка без да ми се слоши ама доста болка, со вториот демек знаев што ме чека само што ме свртеа уште пред да пробаме да станам така ми се слоши одвај се стабилизирав ама после од кога станав не седнав
Едвај станав првиот пат 2 чекора и назад во кревет , вториот пат исто поради хемоглобинот што ми беше многу низок плус ми беше потешко. Како што ти кажав за да се движиш без многу големи болки фаќај го стомакот со двете раце одоздола крени го и исправена оди.
Колку долго по операција трае болката каде што е аплицирана спиналната? Буквално како да имам скршеница на местото, така боли, ако се наведнам едвај се исправувам. И отоците пак ми се вратија, пак да испитувам ддимери ќе треба, а имам и ненормални болки во колена, има ли шанси да е поврзано? Веќе не знам што од што боли, а се боли.
Мене ме болеше долго време, половината како скината ми беше, ми велеа дека не е од неа, дека од доење, од тежина на бебе што го носев, држев во раце. Престана да ме боли кога престанав да го кревам а тоа е сега или кога почнав поретко да го кревам а тоа е 3 год.
Не ти е од анестезијата. Половината утепана ми беше подолг период. Секоја од нас се штеди и неправилно, доење, држење на тело итн итн.
Болка никако сум немала од спиналната ниту по царскиот веднаш ниту сега после 3 год не сум осетила нелагодност .Ниту отоци ни пак болки во колено . Тоа мислам дека е мн индивидуално и никој не може да ти даде точен одговор колку време ќе трае . Ти посакувам побрзо опоравување .
Има ли некоја сега скоро што се породила на Гак со договорен царски? Ако сака да ми каже околу прочедурата, дали можам да носам со мене вида и за лична хигиена работи, стбари за бебуши?
Да носи си за почеток два литра вода и леден чај, вир улошки за тебе , марамици ,пелени и папучи. Ова ти е обавезно, друго се ќе ти донесат следниот ден. Инаку можеш што сакаш да си ставиш во торба,. Со храна не претерувај, достава има цело време. Јас со првиот царски дојдов дента и ме оперираа а сега со второто ми пукна водењакот па лежев на патолошка еднс вечер.
мене др ми рече дојди среда на преглед и ќе те примам па нареден ден или најкасно петок царски. Е сега дал ќе лежам на паталошко или не незнам. Ама план ми беше да понесам ствари со мене па незнам дали смеам
Ако те примат во среда можеш да спремиш се( несесер за хигена, папучи, вир влошки, влажни марамици и пелени за бебе) За течностите би те советувала да си земеш мали шишенца по лесни се за маневрација особено дента после пораѓај. Според пишаното битребало еден ден да бидеш на патолошка другиот ќе те породат, така бев и јас. После тоа што и да ти фали ќе ти донесат. Со лесно
Мене мислам уште ме боли кога ќе се наведнам. 3 години се поминати ама имам болки, кои почнаа после бременоста, предходно никогаш не ме болела половина/грб. На почетокот кога ќе се наведнев ако не беше сопругот до мене да ме исправи назад ќе останев таква укочена сигурно.
@Tess36 Немав болка од спиналната. Кичма ме болеше неколку месеци после породување, но кога почнав да вежбам, сè се среди, исчезнаа болките. Кога ќе ви дозволи докторот, правете си вежби за да се зајакне мускулатурата. И изгледа само јас не го памтам првото станување како траума.
Пред еден месец се породив и денес осеќам болки, наликуваат на послаби менструални и доста обилно крварење. Можно ли е толку брзо да ми се врати циклусот? Се сомневав дека ме боли кај резот, ама некако сѐ асоцира на циклус. После породување немав волку крв. Исто да ве прашам, знам дека е индивидуално, ама стомакот доста ми е изразен и ми натежнува надолу и ми го отежнува движењето, имала ли некоја вакво искуство? Ќе се врати ваљда во нормала?
Поминати се 40 дена пораѓај? Ако не се поминати може да крвариш уште од пораѓајот. Стомакот ќе се среди. Јас немав никаков проблем со натежнување и отежнување на движење, но штом имаш таков проблем консултирај си гинеколог и нека те ѕирнат на ехо.
За некој ден ќе бидат 40, ама ова чудно ми е некако. Инаку, другата недела секако ќе одам на гинеколог, оваа недела некако се разминавме со докторот во поглед на термините.
Може и да си добила, макар што јас крварев до 2 месеци и тоа при крајот најобилно, а на 2 и пол месеци добив.