Јас добив на 42 ден по пораѓај така да ништо не е чудно, ако е обилно крварењето не чекај иди да те прегледаат да не изгубиш мн крв.
Мене ова ми личи на менструација, само никогаш не сум имала волку обилно крварење, барем за мене е обилно. Ко помочана сум Утре секако ќе барам доктор, ме боли стомакот над резот.
Ај, да прашам тука, не знаев каде да пишам. Што значи ниско CRP? Пишува 0.60 mg/L а референтната вредност е до 6.
Околу десетина дена од царскиот, резот 90% не ме боли само најлево ми останаа пецкања и болки при станување, седнување. Не ми е заздравен и дури изгледа како воспален, нормално е? Вие ја мачкавте, прскавте нешто?
Конецот да не е тоа ? Со првиот царски имав така и мачкав јод само по препорака на гинеколог. Не знам дали ми е од анестезијата, ама еве веќе неколку денови поминаа од операцијата а јас имам замаглен поглед и не можам да гледам на подалеку од 2м, не читам од ТВ, не можам до другата соба да видам ништо Имате вакво искуство, за колку време минува?
Мене ми беше така на почетокот и само од себе се среди. Појма немам зашто така ми беше, ама кратко траеше.
Не мачкав и не прскав. Имав како хематом јас, но ми рекоа нормално е и си помина сам од себе. Миев со сапун и вода секој ден, само тоа. Сигурна си дека ќе ти ги вадат? Кај мене сами паднаа.
Еден месец од царскиот, пред два дена имав пецкање од едната страна само. Сум приметила кога има промена на време ја осеќам раната, еднаш ме болеше цел ден па заврна, сега ме пецкаше. Може случајност е, не знам. Иначе мачкам кога имам време contratubex гел, во болница ми го препорачаа, се мачка за да избледи раната. Треба подолго време да се користи.
И мене сами ми паднаа кончињата, едно црно излезе и сама го тргнав одма испадна. После 3 недели мислам имав на едната страна како недозатворено и одев на итна дс ме видат и ми велеа дека добра била раната и ќе ме исчистеја таму, 2 пати бев
Дали е нормално да почне да боли резот после скоро 2 години. Деновиве ме боли, а пред месец дена бев на контрола и се беше во ред. Претпоставував од времето е, не дека и порано по малку не ме болеше на вакво време ама сега повеќе.
Ќе имаш пецкање повремено. Мене уште ми е дел црвена полека избледува и после 2 и пол години од царскиот. Не мачкав нити прскав. После година дена кога помина од царскиот остана пецкањето над раната. Еве јас бремена сум сега и ме боли таму баш рекоа дека матката нема никакви контракции а сепак боли ни магнезиум не помага така да од времето е за жал. Мислам дека нема полошо чуство од сечен орган па после шиен.
Јас еве 20та недела бремена со 2ро, досега не сум осетила никаква болка, можи рано е, ама 4 год и 4 месеци од прв царски ми е. Не ме болеше ни пред тоа, ни на време не сеќавав, а жолчката ја ваѓав пред година и пол таму па ме боли на промена на време, еве денес баш ме пецка.