Мајки оваа тема е поактуелна и тука ќе прашам. Денес бев на редовна контрола после 6 месеци од царски (сеуште немам менструација), докторот ми рече нема потреба од микробиолошки брисеви само ПАП тест, на ехо се супер. Е сега пап-от го праќале во Св Мина некоја лабораторија, што јас малку сум скептик, не ми е позната прв пат слушам, некој професор работел таму… Сте слушнале за таа лаб и дали имате искуство? Друго резот после 6 месеци уште ми е црвен, линијата е црвена иако е заздравена, само така испакнато стои и е црвено, дали и кај вас е вака?
Незнам за лабораторијата јас за резот.Еве 4 год поминаа од царски и резот си е таков како испакнат ( имаше медицински назив за ваков вид на лузни не ми текнува ) и не е бел ко останатата кожа.Едноставно така ми зараснуваат раните се е во ред секогаш беше.
Така ми беше резот од вториот царски, сега на третиот ми го остранија тој затоа што и после 2 год беше црвен и здебелен,испакнат. Сега наново сум сечена и шиена, иако е скоро гледам дека ништо не ми се познава.
После колку време ви се нормализира телото? Скоро два месеци од породување многу ме боли стомакот околу папокот, спуштен ми е надолу и осеќам како да ми тежи. И цревата ми клокотат на свиткување. Знам дека е рано, прашувам дали е нормално и дали и некоја друга се соочила со нешто слично. Се плашам да не ми остане топчесто тркалезно меше.
9 ипол месеци по втор царски. Некако, овој пат како поголем дел околу да ми е умртвен. И по првиот царски ми требаше време да почнам повторно да го чувствувам местото на допир, иако нели не може целосно осетот да се врати, но ми беше вратен сосем солидно. Со резот немам проблем, бела тенка линија е, ништо посебно воочливо. Ме загрижува осетот. Дали е нормално да го немам повеќе поради 2 царски?
Јас само да кажам. 20 дена по царски се осеќам уште од пред една недела сигурно како воопшто да немам правено никаква операција. Заради сплет на околности морав царски и многу се плашев од операцијата. Сега да треба воопшто не би се плашела. Ич не е страшно освен првото станување што ке го памтам цел живот и во моментот си реков аха да,важи(за второ дете демек),ама еве сеа па си размислувам за второ веќе дека би родила пак
Јас па за втор царски поќе се плашам оти знам како е прашав за природно нема шанси не се нафаќаат Бт на болница, некни можам да речам дека и ми го закажа 2риот царски, термин 29 август царскиот ќе биди од 12ти до 15 август од сега психички да си се спремам.
Абе се тоа е ок. И јас не поминав тешко ама не е и дека легнуваш и спиеш, оп се будиш и продужуваш најнормално, ти така го претставуваш. Не е ок да ги лажеме жените, ниту да ги плашиме. Јас кога бев бремена ми требаше некој реално да ми каже што ме чека, ниту да ме теши, ниту да ме плаши.
Zdr Dali nekoja posle carski se porodila prirodno Jas posle prviot carski 9 god I 1,5 od vadenje nadvoresen miom secena vtor Rez...
Јас ја прашав докторката пред 1 недела бев за втор скрининг, лај истата што ме породи првиот пат, викам скоро 5 год ќе бидат поминати од прв царски, дали можи природно, не ми рече, пак царски ќе биди 38ма недела.
I mojava nekako taka mi odgovori no sum slusnala slucaevi Sto carski pa prirodno pa sakav mislenje ako nekoja pominala ....
Третиот пораѓај ми беше царски, четвртиот после скоро 5г природно. Бавно се отварав, плодова вода зелена, но воопшто не размислија за опција царски. Имаш некои ризици поради кои рекоа царски?
Мк за жал претежно прават пак царски скоро секаде. Имам доктор пријател кој е гинеколог (сега хирург) во Сплит Хрватска се чуди со овдешниве доктори, вика кај нас одиме природно после царски само да не е поголемо бебето од 4кг.