Мене терезиен многу гадно ми мирисаше и премрсно ми беше, многу кратко го користев. Како ќе изгледа лузната најмногу зависи од кожата и треба да помине време ама и малку помош не е на одмет Јас ја користам оваа крема, многу лесно се мачка "се топи" на кожа и нема мирис. https://www.epharmacy.mk/shop/la-roche-posay-cicaplast-b5-gel/
Здраво, 9ти ден од царски, на левата страна на стомакот над раната ми е потечено и малце потврдо местото и болно при движење и станување. Дали има некоја слично искуство?
Првиот царски кога се вратив дома легнав на страна, вториот царски уште вториот ден успеав да се свртам со тешки маки, третиот ден без проблем.
Mene dva pati posle 10 dena od lebata strana mi se otvori ranata pa me sijaa racno mislam deka toa e normalno
Прв царски ти е? Не ми текнува со првото како се породи. Како и да е, секако е рано, не е секое тело исто. Јас не можев ни вториот пат ама толку ме болеше грбот што не можев да издржам веќе да лежам така и морав да се свртам. Пробај од седечка положба странично да легнеш. Честитки инаку, да е жива и здрава, не знам како сум пропуштила дека пак си бремена
Фала мила Втор царски и со првото бев царски и со ова.. Сме се разминале за малку со овие деца па затоа ме пропушти.. И мене не да ме боли не да ме фаќа нерва навечер и благодарение на тоа ме тепа несоница
Ако имаш мали перници пробај стави една меѓу нозе една на грб да ти ја држи тежината, како да се наслонуваш на нејзе. Јас се навикнав и месец ипол сеуште така дојам со перницата позади грб, ме држи, а кога немам треба да се стегам да не се навалам назад и така ме боли грбот после. После месец ипол еве пак ќе пишам, моето искуство беше кошмар. Не знам како само првото станување ви беше тешко, јас 4 дена во болница мислам плачев кога станував. И дома не дека беше поарна ситуацијата, стварно ми требаше време да се опоравам. Раната си беше супер, операцијата успешна, едноставно помал праг на толеранција на болка имам.
Мислам дека е до телото, ако си била физички активна во било кој период од животот, полесно е. Ова е само мое мислење вака од блиски искуства, може грешам. И јас имам низок праг на толеранција на болка, страв ми е од забар.
Вежбав 10 години, за време на корона оставив. Во бременост пешачев до 7 месец по 7-8 км на ден. Качив вкупно 10 кг, немам ни вишок килажа ако и тоа има улога. Едноставно не трпам болка..
Иста сум, потполно исто како што опиша и погоре, вежбав години, башка играорец 20 год, нема врска, исто низок праг на толеранција на болка имам, сега па за втор царски леле мори мајко, мн ми е страв ама ќе помини. @Devojkaz мене ми го пукнаа пред бидејќи почнавме со природен пораѓај, не беше договорен царски, а иначе со договорен ќе бидам сега и мене ме интересира дали го пукаат пред?
Не го пукаат пред ако си со договорен царски. Не ни знам кога го пукнаа. Ставија спинална и после тоа којзнае што прават, ама со сигурност не ми го пукаа пред анестезијата.
Голема улога има и психата. Со првото се породив природно, сакав и не се плашев ич. Уште 5 би ги родила така. За царскиот имав некој страв, одбивност, не знам како да го опишам, не можев ни да се помирам дека царски ќе раѓам и еве не поминав добро иако докторо сестри ми викаа дека сум супер. Ти не мисли сега на тој момент, мисли на прва средба со бебе и мирисот бебешки Ако мислиш на пукање на водењак како при природен пораѓај не, не го пукаат.