Дали стомачните и кожата на стомакот ве боли после 3 недели од пораѓај? Мене раната веќе не ме боли ама на допир како површински целиот стомак ме боли, ова последниве неколку дена го приметив, уште имам меше, се враќа полека во нормала ама болкава чудна ми е некако. Не е внатрешна, не се црева или сл, баш кожата и мускулот ме боли, нормално р?
3 месеци од царскиот уште ме боли некогаш на допир, кога одам повеќе морам да се држам под ребрата од болка, баш вчера конечно бев на контрола и прашав нормално било.
Нормално е да боли. Јас носев мидер и дека беше стегнато немав никаква мака ни ми болеше нешто ни ништо ама затоа кога требаше во тоалет да одам и да се бањам болката си ја осеќав као што ти ја опишуваш и едвај чекав пак да си го облечам. Али ова траеше до месец и пол мислам после веќе се намали драстично болката. Мешето ќе се изгуби мене после 1 година ми се изгуби скроз, на некои не им се ни познава одма им се повлекува.
Ако имало стискање, влечење можно е од тоа да боли. Мене болката од раната побрзо ми помина отколку мускулите и ребрата, првите денови ме болеше и воздух кога зимав.
Па да, многу крварев и осеќав колку ме притискаа за да го сопрат крварењето, не ми текна на тоа, сега дека се намалува отрпнатоста на местото, веројтано затоа почнува болката повеќе да се осеќа. @Brpbrp јас пробав да носам и ќе скренев, ич не трпам нешто да ме стега, после една недела одма облеков ниски гаќи под раната и ништо да не ме дира таму. Мешето скоро и да го нема веќе, поточно изгледа како пред бременоста, малце салце како што си имав, ма не се ни замарам со тоа, дете сум носила и родила секако дека нема да е исто, ама болката ме замисли. Добро е штом велите дека исто осеќате, значи нормално е. Фала жени.
Замисли сите органи се враќаат на место кај што си биле, пред тоа настегани сите Сиг и ја имаш и сликава видено, јас осеќав непријатност некоја повеќе време исто и гасови. Мидер не поднесувам никогаш не сум носела, ми остана мене стомак над папок што никогаш сум го немала претходно ама не ми смета си го прифатив .
Девојки дали некоја од Вас имала искуство со царски рез кај Митко Ивановски од Систина за да сподели искуство?
Antibiotik da ti dadat, mene sumamed mi dadoa koga mi se inficira. Kako ti kazale ti ne go vide rezultatot? Obicno rana zagnojuva od mrsa bakterija ( stafilococus areus metil rezistence) napravi si bris vo avicena ili biotek