Ne pravev jas brisevi togas, se vrativ vo Cair kade sto se porodiv i mi ja cistea i mi dadoa sumamed piev se sredi, ama posle dva meseca od nea mi tecese nekoja tecnost zosto napravija malo dupce za da se drenira samata.
За избледување на лузната што користевте и после колку месеци почнавте да користите масти или серуми за избледување на лузната?
Не користам ништо, ни со првото ни сега, со првото некаде после 3г сама се истенчи, со ова многу бргу почна да се тенчи, после 2м, а тоа што се познава ќе си остане. Толку нож до коска ти е лузната да не се гледа? Не е дека е некоја лузна огромна, страшна, башка под бикини линија, што знам...
Намерно пишувам посебен пост зошто ќе ми отиде така прашањето. Мака имам од спиналната огромна, многу ме боли кичма. На подолго одење, на стоење, на спиење подолго на иста страна, на промена на време, буквално ножеви во кичма. Едино 3 дена не ме болеше пред 2 недели кога лежев повеќе дека бев болна, ама не е решение да лежам. Сакам да почнам да вежбам, имам дозвола, ама како!? Многу ми е страв. Ќе почнам од понеделник нешто малку јога да размрдам тело, а за 2 недели и вежби за слабеење.
Јас кога бев на ортопед за грбот ме прашаа дали ме боли кај боцнатото. Ако боли боцнатото мора да се прави магнет (кај мене не беше тоа случај).
На еуцерин маслото. Го користев и пред пораѓај, против стрии и продолжив после некој 4 месец од пораѓај. Приметив дека и стриите ми избелуваат и лузната станува виолетова, претходно беше жар црвена.
Мислам дека со вежбањето ќе ти помине и болката. Ослабната е мускулатурата од бременоста. Претходно вежбаше, би требало брзо да зајакнеш кога ќе почнеш и болките и ќе ги снема.
Повеќе би рекла дека те боли од не активни мускули на грбот, сепак после пораѓај неудобна позиција на доење, спиење, држење на дете итн. Почни со грбни вежби да зајакнеш мускулатура мислам дека ќе си го средиш проблемот.
Ништо не користев смееше само терезино масло во зегин го имаш ама колку има ефект не знам искрено јас не ставав. Сама избледе еве на 2 и пол години после царски само линија се познава а предходно беше дури и како набабрено од едната страна и црвено сега е мазно и не се гледа.
Ме буни што болката не е во грбот и кичмата, туку буквално од местото на убод како крст се шири, кон страните и кон вратот и опашката, понекогаш ќе притиснам и ми проаѓа ко некоја струичка до главата. Ќе се консултирам со ортопедот на синко, секако сакав да ја прашам и за вежбањето што ќе ме советува.
Здраво, скоро три недели породена со царски, на крајот од едната страна имам како ептен мало дупче со малку бледа жолтеникава течност. Матичната рече не е страшно, да одам во понеделник да го виде. Некој вакво искуство?
Мами вие што имате поголеми батковци или дади кога почнавте да ги кревате во раце послем царски? Малиов е 16кл, па некако ми е страв да почнам да го кревам, а во бременос до крај го кревав и сега сваќа дека не смејам Али за во кола да го качам за заби да мораме... @vasaig дали раната ти се преклопува? Значи кожа со кожа дали се допира и дали имаш забележано да потиш таму
Јас на пр ко се оперирав од жолчка синко имаше 21кг, 3 год, не го крвав ич ми беше страв кила да не ми се направат, по некои 3, 4 месеци онака малку в кола да го поткачиш така кратки кревања, онака в раце мн ретко да сум го носела од тогаш, од спална до дневна само, па со тоа престана да ме боли и половината, што мислев цело време ме боли од спиналната
Се породив со царски пред околу 45-50 дена. Престанав да крварам пред околу две недели плусминус. Сабајле ми потече розева крв и нонстоп истото на бришење на тоалетот. Можно е да е менструација? Не е некако рано? Само ехо преглед може да потврди? Инаку бев на гинеколог 30 дена после царски, матката не беше скроз вратена во нормала.
Јас кратко крварев 20 дена одприлика, после точно 90 дена од пораѓај ми дојде менструација. Кога ти кажаа пак на преглед да одиш?
Јас не сум породена, но уште од сам почеток го научив да си се качува сам, со мала помош за една рака или придржувам држејќи го со двете раце. Има 3 години и 15 кг, секаде така му помагам, не сум го кревала. Морав така да се снаоѓам бидејќи забрането ми беше да кревам. И тој период после царскиот си го сфаќам како период кога нема да смеам да го кревам, па ќе се снаоѓам пак да му потпомагам. Збори му дека е голем и дека треба сам ова-она. Скаличка му ставам од оние за во ВЦ што се за пред умивалник и така на некои места се снаоѓам. Би ставила и во кола пред неговото седиште ако морам. Од овие со една скаличка или со две исто така има
Јас после месец дена почнав да го кревам, помалечок е и немав мн избор. Фала му на бога немав никаква мака.