Ааа ти мислиш на боцкањето. За грчевите зборувам дека ми беа поболни сега, за собирањето на матката Ама па кога цицаше бебето, кратко ме болеше, а дома веќе не ни имав такви болки. Опоравувањето ми беше доста брзо. Уште кога станав, навистина немав гајле. Најголема болка што ја осетив беше кога кивнав во болница и се накашлав. Заборавив дека не треба
Мајки ајде од искуства инфо. Со првото дете пред 2 ипол се породив со царски(морав карлично беше) во Систина кај Палчевски и сум презадоволнс од се.Сега сум трудна со второ и гледам цениве во плафон ги качиле.Пак ќе морам царски ради првиот па сакам искуства за царски во гаг некој сега брзо што се породил
Јас се породив во Декември не битребало да има многу промени од тогаш до сега. Ден пред царски примаат, доктор при прием ти зема анамнеза, ми направија цтг, ти земаат крв за крвна слика и после отидов кај анестезиолог да те испраша детално за твојата здравствена состојба. Јадеш до 20часот, а течности пиеш до полноќ. Утрото ти даваат чепче да се прочистиш, се тушираш и чекаш да те однесат во сала. После тоа седев неколку часа на интензивна па ме однесоа во соба. Сабајлето ме станаа извадија катетер па ми го донесоа бебче. Бидејќи се беше во ред со двајцата за три дена не пуштија.
Пред 5 дена се породив со итен царски рез,првиот пораѓај ми е спонтан.Денес забележав ппд резот мала модрица,има ли место за паника?Немам болки од царскиот добро го поднесов,веќе 3 дена сум како да не сум оперирана ,не појам никакви лекови против болки,но од вчера почнав да кашлам и кога кашлам се држам за раната и осеќам болка внатрешно,се плашам од кашлање да не ми се одлепи раната си правам филмови.На сета мака што ја претрпев сега уште ова ми фалеше.
Тоа е вообичаено чувство. Слично како прво станување. Стомакот ти тежи надолу, мислиш ке испадне нешто, конци ке испукаат. Ама не е така. Не мисли на такви работи, царски е операција и тоа е тоа. Фокусирај си се на децата и уживај.
Модрицата можи да е од инструментите што ја држат матката отворена, јас имав модринка исто до резот, ми рекоа од инструментите е. Нема да се отвори ама пази се не се прави силна оти операција е, не кревај ништо потешко од бебе, скали ако имате полека качување, нека зарасти раната треба време, голем рез е.
Utre ke me primat vo Cair,za zadutre za carski da me operiraat... Bidejki mi e prv pat,ve molam spodelete iskustva sto da nosam vo ranec,sto da ocekuvam....inace so spinalna ke bidam
Со лесно нека е, се да е во ред со тебе и бебе само, се друго поминува, секоја жена различно си доживува, индивидуално е се, ако те боли рана да си бараш нешто за болки, мене не ми даваа ништо Битола на болница за болки и затоа мн ме болеше раната, дури 3 тиот ден ноќта му отидов со болки и дури тогаш ми ставија инекција против болки и тоа аналгин, не давале за да не се лачело во млекото. Сега за втор царски ќе си носам од дома апчиња за болка. Ете мене тоа ми беше мака болката. Др стандард како за природен пораѓај се носи.
Обавезно шишиња со вода или леден чај од 0,5 л на мене никој не ми кажа дека за почеток ќе биде невозможна мисија да кренам шише од 1,5 л. Со лесно
За 4 дена. Бара многу движење за да закрепне побрзо. Дали немав време, сама околу бебе, не ни сетив. 2 се царски, со второто уште полесно поминав.
Зошто да не може? Гледај од кога нема да те боли раната извади конци и можеш да имаш односи не си природно да чекаш.
Прво на преглед кај матичен појди си сечена си на матката внатре, нека види дали е заздравена раната. Плус и крварењето да помини, јас имав кафено до кај 40 дена...
Дали некоја имала адхезии после царскиот рез и дали некоја имала вгнездено плацента на самиот рез од царскиот?