Толку две недели немај гајле ништо не е.Ако раната е заздравува како што треба нема ништо страшно уживај немора да купуваш сптеј
Ништо и јас не ставав, само миев со сапун и вода, после миење ја бришев да е суво, само еднаш бев на амбуланта 10тина дена после опп да ми ја видат дали е во ред и тогаш само ми ставија нешто таму сиг бетадине, пред 5 год беше ова. Иначе така одвиснат стомакот од прво ми стоеше и мене потоа по некој месец се повлече.
Од лиска, кој и да го земеш нема да погрешиш, јас почнав покасно околу 4 месец и искрено не бев баш редовна зошто не препорачуваат да се носи мидер туку да се остави стомачните мускули сами да се вратат, иако сега ‘со овој памет’ би носела од почеток. Од лиска имам јас околу 1800/1900 ден е.
Тие што сте се породиле со царски рез во приватна болница, кои работи ви ги дадоа за грижа за рана/брадавици? И општо, што сте купиле дополнително за дома? Кои типови на: - пелени/гаќи - крем за брадавици - крем/средство за рана Секој друг совет е добредојден и фала ви многу!
Во приватна даваат се, за дома за брадавици Медела ланолин, влошки Вир, гаќи си носев дома одма најобични, а сретство за рана ништо, никој не ми спомна тоа, само со вода и убаво да се тапка раната да е сува, ќе заздрави веднаш Јас имам друго прашање, дали на некого овулациите му се многу болни после втор царски? Вчера ужасно ме болеше левата страна на стомакот кај јајникот, ме фаќаше и цела кичма и ногата лева дури ми се кочеше, што ќе беше тоа не знам Плус, некоја точкичка крв имав, само вчера беше тоа и толку, нормално ли е ?
Незнам за после втор ама јас после прв царски ги осеќам овулациите и ми се болни, особено последниве пола година година а од царскиот скоро 3 поминаа ( ослабев мн незнам дали тоа нешто би влијаело) . Болни до степен да неможам да седнам без да ме заболи јајник,подувување на стомак, и плус крварење минимално де аама го има, повеќе е како темна оксидирана крв. сум била на гинеколог редовно никави проблеми или наод немало.
И кај мене после прв царски почнав да имам болни овации додека менструацијата од болна ми стана неболна..
После прв царски - менструација не осеќам болка ,ама затоа овулации до кетонал стигам од болки со лошење. Многу болно.
Ајде мами што сте биле во слична ситуација ме интересира како сте минале вака сега на синко на 1 роденден дознава дека сум трудна со трето и нормално мајкино срце не ми даде да се чистам така веќе стасав до 8ми месец е сега со вториот син имав многу лошо пораѓај завршив на итен царски што несакам ни да се сеќавам буквално едвај живи останавме тоа беше мк сега сме преселени во Германија и сум преплашена од царскиот а веќе време се ближи.. како минавте со царски овака блиску разлика од 18 месеци? Благодарам
Чим си Германија, не се плаши, нема да те остаат они така како крава да се мачиш како во Македонија, ќе те викнат неколку дена пред пораѓај ќе ти објаснат шо како и за време на царскиот ќе има 100 души околу тебе ќе ти зборат ќе те смират. Нема шо да се плашиш. Знаат они како треба. И кас бев преплашена , две докторки ми ја држеа раката и ми зборуваа да ме смират и многу брзо бидна се, а после тоа те третираат како кралица, јас бев многу изненадена од нивниот добар однос. Со среќа мајка
Здраво, дали е нормално да има непријатен мирис раната бидејќи ми е покриена раната од стомакот и не може да шиши слободно па повеќе се поти? Иако секој ден ја мијам со вода ? Немам болки само вака малко е црвено
Јас колку што знам не треба да мириса. Кај мене е скроз доле направена јас немав стомак за да ми ја преклопува раната и брџо ми заздраве али беше само набабрено и од ниедна страна ништо не течеше никогаш. Подобро нека те ѕирнат да не не ти е заздравена убаво раната.
Мајки, после колку дена од царски се бањавте и дали стававте нешто на раната додека се бањавте? Дали само со вода без козметика?
Следен ден, без сапун ја миев и само ја натапкав од вода, ама имав лепенка на неа, после 5ти ми ја тргнаа и само со вода ја плакнев додека се туширам, мада секако одело и сапун врз неа и убаво сушење на тапкање.