Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    954
    Во четврток сабајле се боцнав, во петок сабајле ме породија со закажан царски.
     
  2. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    159
    Здраво жени, ме интересира како ги поминувавте првите денови после царски, после колку време се опоравивте конечно?
    Неочекувано завршив со царски и сега искрено ме загрижува по малку како понатаму, па затоа би сакала да слушнам искуства:)
     
  3. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Секој ден ке бидеш се подобро и подобро, не се секирај, за 2 недели обично поминуваат болките, ке можеш да се вртиш и сл.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.835
    Допаѓања:
    23.648
    Пол:
    Женски
    Мене ме чека за брзо втор царски, искрено малку ме фаќа страв, башка со дете 4 и пол год дома, ама поминува се брзо, колку на почеток првата недела изгледа страшно и боли, па и првите 2 недели кај мене, ме болеше мн раната, страв ми беше дали ќе зарасни раната итн се беше во ред, си зарасна, па секој ден си се повеќе подвижен, мене првиот месец ми беше тежок физички, башка неспиење со бебе, доење, болни, крвави брадавици, ама па колку брзо поминува времето :o:
    Само чекав да помини време тогаш, како навиен на саат, сега сакам малку повеќе да уживам во тие први недели на бебето оти ништо не се враќа само еднаш се толку мали...
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    8.714
    Пол:
    Женски
    Те молам ако сакаш инфо....ке раѓаш по втор пат царски ,по избор или дека мора? Ме интересира зашто викаат после 3та година од царски можело и природно.
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.835
    Допаѓања:
    23.648
    Пол:
    Женски
    Првиот пат почнавме природно со провокација, ама не слезе бебе во родилен канал и затоа царски беше, сега ја прашав истата докторка за природно, викам скоро 5 год има од прв царски дали може природно, ми рече одма не, ако беше царски пак царски и тоа 38ма недела, ризик е демек ова она, ок и реков, сега сум на цтг в петок пак ќе ја прашам. Иначе Бт на болница ова.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.833
    Допаѓања:
    11.780
    Пол:
    Женски
    Во Ск мислам дека ова не е пракса, гледаат ако можеш да се породиш природно после прв царски, особено ако е поминато доста време од царскиот какк што е кај тебе. Но ете, има доктори кои не се замараат и не превземаат ризик на нњкој начин, па послесно им е со царски да ја завршат работата.
     
    На Doktor F, lackygirl и Misskirova им се допаѓа ова.
  8. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    8.714
    Пол:
    Женски
    Мене ми рече докторот дека е можно да се проба природно ама да се поминати барем 3 или 4 години.
    Незнам ,можеби сепак зависи од доктор од доктор
     
    На lackygirl и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  9. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Ова го имам пишувано ама ете.. јас со вториот син завршив царски итен беше едвај преживеавме буквално ама нормално тоа беше мк после сум на клиника (Германија)што ќе се пораѓам и баш ќе ви пишам што ќе ми кажат а инаку 18месеци се минати а ми даваат надеж за природно :) зошто во мк им е толку тешко да се замараат незнам стварно...
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.835
    Допаѓања:
    23.648
    Пол:
    Женски
    Полесно му е царски изгледа, еве и на приватно во Плодност сите што ги познавам со прв царски и втор ги прават пак...
    Иначе од друга страна првиот пат се измамачив цел ден со болки, веќе вечерта немав сила до сала да одам од болки, сега си велам и да се инаетам за природно што ако пак е истото :worried: затоа и некако психички цела бременост за царски се спремам, бар дирек ќе одам без болки... Али сепак ќе си прашам уште еднаш утре иако го знам одговорот. Здравје како и да е само да сме добро двајцата.
     
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Многу е важна причината за првиот царски, мислам и најважна за одлуката за докторот дали за второто е правилно да се проба природно.
    Еве пример мене сите тројца доктори што ги прашав ми рекоа дека може да се проба природно. Кај мене причината за царски беше тоа што не можев да се отворам и ми рекоа дека скоро сигурно тоа би се случило и на втор пораѓај при обид за природно. Да било бебето причината за царски, секој поискусен доктор ќе препорача природно да се проба ама кога е мајката е подруго.

    Јас бев психички многу спремна да пробам природно после царски, така и ми беше договорено ама како влегов во 9ти месец дали хормоните си го направија своето, дали стравот од разделба со првото дете, не знам ама многу се плашев дека нема да се вратам дома :| Не знам што ми стана, се исплашив, 100 пати си реков што ми требаше оваа бременост и на маса само ги молев да не умрам. Се уште не разбирам што ми се случи тогаш, ме фати некоја паника така да, би рекла не се форсирајте, не се плашете како мене, најважно е дома да се вратите здрави и живи.
     
    На Doktor F, 0ли, H.VAGA и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    8.714
    Пол:
    Женски
    Секако. Се слагам. Одлуката треба да ја оставиме на крај на докторот. Сепак се стручни ,него ли јас на своја рака да инсистирам а да не може.
    Јас сакав многу природно,и покрај тоа што беше карлично, па ми објаснаа дека скоро е невозможно. Дури и да е, никој не би сакал да прави ризик и за мајката и за бебето.
     
    На lackygirl, Skyler и baby 5 им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Зависи состојбата на матката, тие што се со царски прв пат се со поголем ризик од пукање на истата, атоа никој не го сака и бара следење на ситуацијата не секој доктор е спретен и знае што прави едноставно некои не ризикуваат.

    Има доктори кои си ризикуваат воедно и спретни се, но ова повеќе на приватно, на државно Скопје барем, а и законски било ако е прв царски и секој нареден пораѓај мора да биде царски.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Ајде да кажам како минав.. ми измерија бутна коска, притисок, ЦТГ и сатурација ехо на бебе и плус со рака ми фаќаа стомак. Докторот ми рече овде ако сакаш царски или не дај боже како мојот случај со синко со заглавено раче во канал вика вадеме бебе за 5мин му велам а раната дека е пресна пред 18м дали може да распука или слично ми вели да постои можност 3% да дојде до тоа ама секако те следиме и реагираме на време... И на крај велам добро Докторе а ако е пример карлично ми вели тоа не е индикација за царски го вртеме бебе и природно... Нормално ако имаш тесна карлица тогаш се знае мора царски... И секако кога проценеме за време на пораѓај друга индикација така да друшки посакајте ми природен пораѓај :) здравје во Септември
     
    На Doktor F, Iris-1234, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Caci_93

    Caci_93 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво дали овие црвени точки е од кончињата што излегуваат? Или не е добра раната бидејќи немам никакви болки
     

    Прикачени фајлови:

  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.833
    Допаѓања:
    11.780
    Пол:
    Женски
    Не е точно ова, на државно Скопје пораѓаат природно после прв царски, две другарки ми се породија така. Едната на ГАК, другата во Чаир.
    И јас мојата докторка ја прашав дали мора со царски да биде кога ќе се пораѓам со второ, рече апсолутно не. Ако дозволува состојбата природно, се оди на природно.
     
    На Doktor F, KuklickaSk и baby 5 им се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.835
    Допаѓања:
    23.648
    Пол:
    Женски
    Мене ми закажа царски пак.. Тоа е, само се да е во ред :)
     
    На natash.a, Iris-1234 и baby 5 им се допаѓа ова.
  18. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Со лесно мајка и со добра мисла :*
     
    На natash.a и lackygirl им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Мене после 4г без 1 месец од царски ме спремаат за втор природен пораѓај. И матичниот и докторката што ме пораѓаше со првото. Бебе е супер наместено, и ќе видиме како ќе биде до крај, зависи само колку ќе порасне.
     
    На CareTee, baby 5, lalinda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Леле и мене ми беше увртено дека може да не се вратам дома :fubar:
    Па уште на мм му давав инструкции со што да ги храни децата, како да ги воспитува, да ги сака најмногу и за двајцата. Дури и некои мои работи кому да му ги даде ако умрам :x
    И уште што не.
    Се преплакав кога дојде сестра да ме придружува и кога требаше да му кажам чао на малиот, липав во лифт. Будала жена.
    Не знам зошто...
     
    На LivingGlam, lackygirl и Skyler им се допаѓа ова.