Мене не ми беше страв од царскиот ни првиот ни вториот пат. Ич од самиот царски. Првиот пат немав лоши мисли, а вториот имав поради детето. Ми беше страв да не не се видиме веќе Закажав после 1 месец контрола, но испадна на 5-6 недели од царски да ме прегледа.
Мене сега ме станаа прв пат. Ѕвезди броев. Капа ви симињам на сите мајки. Речете полесно дека ке биде наредното зошо јас не знам како ке се натерам да станам
Првите неколку дена боли мн, по 1 недела веќе попушта, само да не се плашиш, друго нз кај си породена, на приватно даваат јаки лекарства против болки пр, тродон во Плодност, мене на државна болница Бт ништо не ми даваа за болка и 3 тиот ден неможев да издржам и побарав и инекција аналгин ми ставија, ми попушти малку, сега си зедов кетопрофен ќе си носам и ќе си пијам со лесно... За 2,3 недели ко нова ќе бидеш
На приватно сум. Се зачудив што толку ме заболе, а одсабајле ги прашував кога ке ме станат, од вчера вечерта веќе и не осеќав болка никаква.
Да полесно е наредно станување со секое станување е се полесно боли пече ужасно не викам не ама мораш да стануваш подобро ќе ти биде и на тебе. Мене само што ме станаа прво со нивна помош секако после тоа сама се раздвижував низ собата паметот ми беше само кај бебчо кога ќе дојде за да можам да си го чувам Брзо опоравување мајка
Мајка, да ти е живо и здраво бебчето . Секое наредно станување е полесно, не се форсирај само. Прво крени се полека па седни. Седи така некое време па стани полека. Кога ќе одиш ќе си го држиш стомакот со раката за да не ти тежи врз раната. Ќе мине за брзо, бебето кога ќе ти го донесат и ќе го креваш и ќе го облекуваш и ќе го спаструваш. Болката во втор план ќе е .
Не можев да најдам погоре па да прашам , имате ли како модринки околу папокот и над раната, како кафеани ми се
Имав јас тоа е мислам од тие штипките/клештите што ги држат мускулите отворени. Имам гледано царски на youtube
Честитки мајка и со лесно. Биди само упорна мене таа во систина сестрата како ме стана да ми го извади катетарот мислиш на маратон бев. Али секое станување беше полесно нај мачно ми беше бебето кога ми го носеа за доење ми го потпираа на стомак е тогаш болки имав. Али за дома ми рекоа смеам мидер да носам и да ти кажам секаква болка се заборави ни грб ни стомак ме болеше бебе си кревав нормално без потешкотии
Добро е станав 3 пати со помош и сама уште еднаш ми го извадија и катетарот на 3тиот пат станување, секој пат се полесно беше. Ама сабајле плачев мислам дека и сама не бев свесна што ме снајде со царскиов не го планирав ич и не се спремав. Битно си се изнаплакав за сите пари на мм на телефон како од мене мајка нема да биде, кој знае кој ке ни го гледа детето да не помислува на уште едно дете, жал ми е сега што се му изборев. Ми го дадоа и бебе да влече за да ми дојде млеко, да тогаш не знаев дали стомакот или цицки ме болеа, ама издржав. И бебе има грчеви излеа цело се собира и стенка едвај го гледам така, со него си поплачувам кога го хледам таков се мачи а не можам да му помогнам никако. Битно мене хормониве после царскиов ми се во плафон.
Дали после царскиот рез откако ви заврши крварењето (после месец ипол) имавте исцедок и дали е нормално? Јас имам зелен / кафен исцедок без мирис понекогаш повеќе а понекогаш ништо, бев на коннтрола пред две недели на ехо ме гледаше матичниот рече дека матката е исчистена и во ред а тогаш немав ваков исцедок
Здраво мајки, се породив пред 20дена, откако ме отпуштија од болница после неколку дена дома раната ми се отвори и ми течеше како жолтеникава течност и крв, одев секој ден на тоалета ми ја чистеа раната и ми направија уште две дупчиња на резот за да дренира дека протекло од масното ткиво бев на антибиотици и со виоплекс спреј на раната ставав. На едната страна се формира како здебелено топче и ми реакоа дека било реакција од конецот, го стискаа кога одев на преврска и се поднамали. Сега ми е затворена раната повеке не тече, но остана здебеленото топче каде бил чворот на конецот ми рекоа дека ке се апсорбирало и требало време. Дали некој од вас имал ваков проблем и за колку време поминува или така ке ми остане здебелено?
Мајки после царски носите ли мидер и ако да каков? Мајка ми ми здосади со тој мидер да не ми виснел стомакот. Она си има стомак после бременоста со брат ми ама беше многу поправена и на времето пред 23години кој да и каже за мидер. Јас не ни купив а само ми зборуваше, сеа ме фаќа мисла да носам Немам стомак иста сум ко пред да останам трудна, нормално не е телото исто млитаво е кожава си виси вишок што е ама колку ке помогне мидер за ова не знам