Купив подоцна ама реално не го носев, а мислам дека не ни игра улога. Сега според многу експерти не е ни препорачливо, викаат дека мускулите ќе се навикнат на таа потпора на мидерот и ќе станат "мрзливи" наместо природно да се вратат во нормала.
За вишок кожа не помага, но ако е за стомак помага. Во друга тема пишував баш "Враќање во форма по породување" не се сведува вишок стомак од дебелина туку и од дијастаз. Мене на почеток ептен ми помогна мидерот за движење и кревање на бебе буквално никаква болка не осеќав, а носев од пазарскине долен дел памучен, а нагоре затегнат околу 200 денари се.
Кој те пораѓаше ако сакаш да споделиш? И дали си задоволна од докторите персоналот и како си поминала?
Јас водев бременост и се породив исто во one hospital кај др. Ирена Гошева, од срце на сите ја препорачувам презадоволна сум од неа и од се, буквално се тука за тебе 24/7. Сама си во соба, кога и да ти треба нешто доаѓаат одма. Од сестри доктори, по 5 6 пати на ден влегуваат да те прашаат како си, дали ти треба нешто. Сестрите што се кај бебињата исто, немав млеко ама обавезно мо го носеа бебе пред да јаде да цица за побрзо да ми дојде млеко. Ако се одлучиш нема да згрешиш.
Јас имав уплатено капар 5000ден во јануари, со тоа што прегледите ми беа бесплатни. Со тогашните цени природно беше 89000, а царски 110000ден. Сега не знам дали е нешто сменето во цениве. Со тоа што тие 5000 ти ги одбиваат на крај од сумата, и еден месец после контролите за тебе и бебе се вклучени во пакетот.
Благодарам Што треба да се понесе од дома, дали нешто ти даваат таму од козметика и сл, како што е во Систина?
Јас си носев само четка за заби, паста, за бањање тоа што користам и алишта за излегување од болница за мене и бебе. Иначе имаш се таму.
Јас со вториов царски имав 5 конци, со првиот мислам само на краевите имав и сами паднаа. Сега ко не испушти докторката ми рече да појдам за вадење, во саботата бев 11ти ден после царски ми ги извади и рече ок е раната, на едно место в средина само не е зарасната, ама рече супер е. Иначе еднаш денот кога се туширав вода и одеше и со хиперманган ја натурав, потоа со спреј за рани ја прскав. Јас 2 дена немав ич крварење па вчера истече повеќе наеднаш, 13ти ден пп, со првото исто вака ми правеше до 40 дена, ќе немав ништо и после ќе истечеше.
Може ли некој да ми каже дали треба да одам на лекар за ова? Дали е инфицирано или од жежкото е што се поти самата рана ? Или некој конец е? Ми рекоа дека сами ке паднат а понекогаш осеќам како да ме пецка таму...?
Како ја одржувате раната? Мене од Систина ми рекоа само туширање ништо друго и малку ми е чудно. Прскате спрејови или нешто друго? За конец вадење докторот ми рече при прва контрола за бебе тоа му доаѓа после 12 дена од раѓање. Секако прво ќе ме прегледа па ќе види може и рано е за вадење…
За првиот царски прскав спреј виваплекс ако не се лажам се викаше а сега за вториот ништо по препорака од лекар само вода и ссапун, денес бев на лекар поради црвенилото ми рече реакција од конецот и ми го исчисти мислам рече гранулом било тоа и дека сум можела сама со вода и сапун да го тргнам ама кога не знаеш што е и се плашиш ке бараш лекар
Првиот месец само со туширање, ама после тоа ми се воспали и ми даде докторката некое масло за мачкање. Се мачкав само 2 месеца со тоа масло и толку беше
Како што ти рекле само вода и сапун и ништо друго. Гледај да е сува раната само после бањање со тапкање на пешкир ќе ја сушиш. Јас само еден конец имав кога ми го извадија не го ни осетив искрено као умртвено ми беше уште местото.