Првиот царски само сапун и вода и потешко ми заздравување. Сега истата докторка, сапун и вода и спреј било кој за рани. Јас со сапун воопшто не измив, само вода 1 денот кога се туширав, турав раствор од хипермамган потоа сушење и прскање со спрејот. Неколку пати и банеоцин прашок и ставив.
На ГАК ми рекоа туширање со сапун и вода (шампон да не паѓа на раната) и топ ми зарасна, ниту прскав нешто ниту ништо. Ми се чини со брзина на светлината ми зарасна
Здраво Можеби прашањето не е за тука, но доколку некој разбира би сакала да ми каже што значи ова во превод? "Partus a tempore cum Re-Sectio Caesarea sec.Dorfler pp Dysproportio foeto pelvina, Laparatomia transversalis, sec.Pfannenstiel."
Направен е порагај на терминско бебе ,царски поради диспропорција на фетус(бебе) и карлица, големо бебе мала карлица најверојатно.
Ме болеше исто како и првиот само што сега си спремен и знаеш што е како е и не се плашев дека ќе ми се отвори раната со станувањето, движењето и дома бев од прв ден супер, 3 ноќи бев на болница, од кои првите 2 сама и 3тата со бебе. Раната побрзо ми зарасна, по препорака на докторката што ме породи спреј за рани прскав, бидејќи жешко е рече да не се прават компликации. Пред 2 дена излегов пешки со синко да се раздвижам и добро поминав, 18ти ден ми е денес пп. Др позитивно млекото ми дојде 2риот ден, 3тиот бев преполна во градите и се молзев со пумпа оти од подуени што ми беа не можеше да ја фати бебе градата. Првиот царски на 3тиот ден ми дојде, тек на 4тиот ми се наполнија градите. Во глобала полесно и брзо се поминува, мноогу брзо.
Мнооооогу полесно. После 5 6 саата од пораѓајот станав сама, бебето си беше до мене, го држев без проблем, болки не осеќав пошо ми даваа апчиња бруфен од 600мг кои одат само на рецепта ама се доста ефикасни.. можеш да пиеш бруфен од 400 ако не ти дадат таму нешто за болки. На третиот ден ме пуштија дома, чистев , готвев исто како да не сум се породила. Колку повеќе движеш , подобро ќе ти биде. Со раната немав проблем, исто како и првиот пат ми кажаа само со вода да измивам друго ништо да не ставам.
Јас не купив мрежести гаќи. На болница без гаќи бевме 2те со цимерката само влошка и спавача и подметач под газ. Дома си носам памучни гаќи повисоки над папок. Влошки си прикупив мрежести поубај ми се од нормални дека се памучни. Иначе сега крварам 3 дена по 1 или 2 пати денот, па после 2,3 дена немам ништо, па пак исто...
Помош како да се опуштам пред втор царски.. ме фаќа голема паника, повеќе се плашам одколку првиот пат, све некако како да е пострашно и поболно мислам..
На болница бев без гаќи, само со Вир влошки. Дома цело време бев со мрежасти гаќи и вир влошки. Многу ми беше пријатно со нив.