Никако не успеав јас, дека втор закажан со дата знаеш кој ден е, последните 3 ноќи дома воопшто не спиев, последната недела ослабев 1кг од што немав апетит и ми се гадеше, од стрес изгледа... Ама ете помина, се во ред фала богу, еве сега си велам што се плашев толку ама џабе, стравот беше дури не седнав на операциона маса, тогаш се препуштив на докторите и се опуштив. Само добра мисла и верба во тимот што ќе те пораѓа, се поминува дур трепниш со око со лесно
Иста бев и јас ама последните недели пред да се породам синко беше дома така да со него сама и сите припреми мн мн немав време да мислам и како што се приближуваше датумот реков фак ит страв не страв ова бебе треба да искочи од мене. Не шала на страна ако ти се плаче плачи, ако ти се зборува на таа тема, зборувај не ги држи тие чуства во тебе. И искрено дента бев мн сталожена (и сама си се изненадив зошто со првиот целосно ме успаа и не ја знаев процедурата) и супер пројдовме и јас и бебче. Со лесно
Ич да не се плашиш. Вака или така ќе помине. Сите сме поминале низ пораѓај а и низ истиот страв кој ти сега го имаш. Да сте живи и здрави на крај е најважно. Ко клише ти делува ова сега, знам, ама памти го овој муабет и откако ќе се породиш ќе видиш дека навистина е тоа најважно.
Првиот ми беше неочекуван, вториот договорен. После првиот едвај станав, пиев кетонал 2 недели, после 3 месеци бев уште ко да сум трудна 9 месец. После 2 царски првото станување во болница ми беше прелесно, болка минимална. Дома не ни пиев нешто за болки, ко да не сум родила буквално, после нецел месец кај ги симнав тие 10кг што ги качив симнав уште 5 други од претходно. Се на се стравот секако постои, ама еве моето искуство со вториот царски е дааалеку поубаво
Фала ти мила на споделеното искуство. Јас малце премногу паничам пред време, првиот ми беше договорен, ама пак прв пат, адреналин едно друго, некако несвесно ми беше самиот чин, за болките да не коментирам одпосле.. тоа беше страшно, за килограмите исто, еве после 2 ипол години, уште истите кг ги имам. Со второво качив само 4кг, еве сум 8ми месец веќе.. На крај на месец веќе треба да одам у Чаир за да се видам со докторот и да се договориме што понатака. Кажи ми вториот царски во која недела ти беше? Што слушнав муабети одоколу, требало да биде минимум 2 недели пред терминот, вистина е? Бидејќи матичната ништо не ми објасни околу таа тема.
38+4 ми беше вториот, ама јас се пораѓав сред лето и чекав да се врати докторот од одмор. Колку што ме држи памет викаат дека најубаво да е 38 полни недели. Со лесно мајка не му ја мисли многу, ќе ти биде полесно овој пат
И јас тоа се сомневам, денес и како бело има на него ке пукне сигурно. Ме исплаши мм пред 3-4 дена ја земав корпата со алишта повеќе пешкири имаше од горе надоле да ја симнам кога ми викна ова 10кг има кила ке ти излезат, малку припази се. И само тоа ми се моташе низ глава
Ако не е црвено воспалено не би требало да е страшно. Да ве прашам дали ве боли раната при пешачење. Пре 10тина дена околу 2км пешачев и ме заболе внатрешно. Помина до другиот ден. Вчера дали 1и пол км поминав пак ме болеше. Денес не ме боли. На 16ти 1 месец од пораѓај.
Ќе те приболува додека се зајакне тој дел сепак е сечен и самата рана може да пецка и тоа неколку месеци после пораѓај да не се плашиш.
Да и како за жежи/печи, ново ми е оти со првото беше мн ладна зима со - 20 и никаде не одев пешки до пролетта и не осетив вака.
Епа јас септември се породив па затоа ти кажувам искуство Ама поминува тоа не трае цело време сепак треба време на мускулатура да се зајакне и оправи телото.
Zdravo zhenski, mi zakazhaa carski vo 37+3 dena i normalno odma od bliska licnost komentar mnogu e rano barem 38 nedela pocekaj. Od bolnicata mi vikaat podobro pred 38, bidejki e zakazan carski da ne me fatat bolki porano. Vashe mislenje i iskustvo ve molam
Не ти менат ништо три дена, инаку знам дека царскиот најчесто го закажуваат во 38 недела, и јас со двете бев во 38ма.
Јас колку што знам, освен ако нема други индикации, протокол е да се почека полни 38 недели за закажан царски. Прашај го докторот уште еднаш што е најдобро за тебе, сепак тој најдобро е запознаен со текот на твојата бременост и сите околности.