Јас и со двата крварев горе доле 40 дена со тоа што после вториот неколку дена престана па пак продолжи.
До 40 ќе си со влошки, што обични, што секојдневни, на крај тече тоа што се чисти матката, жолто едно безвезе
Дали некоја мајка се соочила со отворен царски рез внатрешно Бев на преглед и докторката ми кажа дека од едната страна операцијата внатрешно не е зарасната исто така чувствував и како некој мускул ми се вклештува кај десниот и испадна дека десниот јајник мие по мускулното ткиво плус нанего имало нешто како кил дали некоја од вас има вакво искуство ?
Немам искуство, а колку време од царски има поминато, те болеше нешто? Што ти кажаа? Прашувам оти вчера и денес ме боли операцијата внатрешно, надворешно е супер се, па си мислев дека е на промена на времево, дека се заоблачува, метеопат сум тежок.
Од промена на времето е сигурно. Јас отидов на лекар сабајле ич не ми беше арно, се ме болеше викам на мм станувај идеме да не стане големо. Никакви знаци на грип или настинка, ми рекоа од времето дека многу луѓе им се жалат. Сепак утре пак кај матичната ке се јавам зошо сабајле на дежурен бев во брза помош.
Исто како претепана сум, мм кашла 3 недели, имаше и наод на плуќа, па пиеше антибиотици па не му помина и тој на итна вчера беше па ајде др терапија, дома и јас и свеки кашла, нема здрав чоек. А на времево болат раниве изгледа, заврна пред 1 сат кај нас, па пак е сонце..
Bremena sum 14 nedela...ama deneska uzasni bolki imam vo dolniot del od stomakot vo carskiot rez od pred 7 godini vase iskustvo ve molam? Prijatna vecer i sekoe dobro.
По протокол се чека 38 полна бидејќи бебето најмногу расте последниот месец, па чекаат за да биде во добра кондиција. Обично докторите чекаат и до 39 ако е прво бебе, а ако е второ или трето во 38ма ги закажуваат.
Дали се масиравте со нешто кај раната за да осветли или да се израмни? Исто така дали некоја има искуство со конецот да е сраснат со месото? 1цм е скоро зафатен, препорака да се масирам за да се опушти кожичката и да го пушти.
Женски ве молам за мислење за пораѓај со царски Систина или Ремедика и искуство ако имате со некој доктор?
Искуство со царски рез имам во Ремедика и др. Симонида Котларова, која ми ја водеше цела прва бременост пред 3 години и еве сега и 2та бременост. Презадоволна сум од докторката, брзо се опоравив. Инаку сама сакав породувањето да биде со царски рез така што имавме однапред договорен термин во 38 недела и 6 дена.
Јас имав два царски как Бојаџиев, Систина. Супер поминав и двата пати. Првиот пат кај него мораше царски, не се отварав… на време процени за царски…постелката почна да се одлепува, болки огромни, епидуралната не фати скроз, а не се отварав ама ич. Вториот пат закажан за 37+, и тогаш мораше, инаку прво ми закажа за 38+, ама потоа го смени датумот за 37+.
Здраво мамички Дали има некоја со слично искуство да ми кажете дали е во ред иле не? Породена сум со царски рез пред 2 месеци и откако минпрестана крварењето, после цел месец забележав крв но беше само неколку капки и тоа траеше 2 дена, потоа престана. Но еве сега пак забележав и тоа пак неколку капки. Не е циклус ми рече докторот, ме прегледа и рече дека се е во ред според ехото..Но мене ме загрижува ова сепак, бидејќи никогаш сум немала вакво крварење, циклусот пред бременост ми бил секогаш редовен...