Дали ја масирате раната и околниот дел со нешто? Јас сум4 недели ПП, раната е супер зарасната но имам уште еден дел што не осеќам. Исто така, плачам за депилација, па кога се осетивте слободно со восок да се депилирате?
Нормално е, осетот тешко ќе се врати. Можеби и никогаш нема да е ко претходно, сепак нервите тука се исечени.
3 години после пораѓај и бремена сум сега долниот дел под папокот не го осеќам. За депилација после 40 дена на преглед ќе си прашаш дали смееш или не.
Јас терам 33 недела, и мака ми е од совети од типот Чаир ти е најдобрo, во приватна се џабе потрошени пари, мое мислење е дека се што е во служба на тоа да јас имам убави спомени од моментот а не трауми и бебето да е донесено на светов како што треба не може да е џабе, иако планирам со царски немам споделено со околината, сите коментираат и советуваат мислејќи дека немам проблем и по дифолт морам природно, значи некогаш ми се крева косава, па и раната така вака онака читам тука, а имам неколку пријателки породени царски приватно и државно изгледот и на раната и како поминале на пороѓај им се сосем различни
Породи се таму каде ти ќе се осеќаш удобно. Породи се онака како сакаш. И двата типа на пораѓање имаат предности и маани, разни искуства, разнинлуѓе. По искуства да не се водиш, сите сме различни, води се по она што тр право тебе да се осеќаш мирно и посигурно.
Не слушај многу совети од околината зашто секој организам си е различен и тоа што делува кај едни кај други не. Породи се ти кај што се чуствуваш најсигурно и не слушај што зборат други. Јас пред 3 години се породив во Систина и секогаш имаше различни коментари едни баш супер што ќе идеш таму вреди, други зашто толку ќе давате кога може и државно...... Еве сега сум и јас 33 недела ама уште не сум одлучена за породување.
Не јас секако пак си терам по свое, и се слушам себе, туку многу сите паметни се, поготово жениве, ниту една не е реална, као да им е криво ти ако подобро поминеш од нив божја работа , сите да сме живи и здрави со бебушките, па секоја си одлучува за себе, зборот ми беше некогаш менталното здравје на мајката е поважно од фрлените пари, моментите од чинот како ке и влијаат дали ке се траума или убав спомен а сите знаеме како стојат работите кај нас.
Јас се породив во систина со царски и имав прекрасно искуство. Персоналот беше феноменален, никакви трауми. Секако толеранција на болка и психичката сила многу менуваат. Мене потешко ми беше присебна да останам кога влегов во сала, 15 души растрчани насекаде и ти само своето срце го слушаш како побрзо чука на апаратите. Но односот, безбедноста и топлината што ја осетив мене ми беше многу важна. Баш она лежиш немоќна, жениве те мијат те чистат и се полни со сочувство. Раната не знам како изгледа на други жени, мојата е сѐ уште темна но мазна, не знам кој е критериумот за “добра рана”. Бо секој случај, после ~ 10 дена јас бев фул на нозе со солидна сила. Сега веќе се осеќам како да не сум се породила, освен што сум мека и немам баш сила во јадро
Веројатно е индивидуално тоа, мене раната ми е светла и едвај се познава, породена сум пред 10 и пол месеци. Јас сум породена царски на ГАК и имам преубаво искуство.
Со двете се породив во Систина, ама искуства имаш и добри и не толку добри (лоши) и во Систина. Е сега веројатно се многу помалку лоши искуства во Систина, но секој пораѓај си носи одреден ризик. Јас инаку поминав одлично со двете деца. Другарка моја пројде катастрофа со второто во Систина..
Мајки царици мојава не сака да чуе за природно да ме пораѓа пак ќе сум си царски. Е сега прашањето ми е како поминавте со втор царски, колку пати одевте на цтг и кога ви го закажаа? Иии што се калцификати на постелка? Цуцава моја едвај со клексан одговара на неделата ептен ме измачи оваа бременост.
Втор царски прелесно. Веќе знаеш што те чека, не ме болеше како првиот пат, станав мн брзо од кревет, движев лесно и сл. За тоа ич гајле да немаш.
Вториот царски многу полесно во поглед на рана, прво станување, болки скоро и ич да немав. Ама затоа мене ме уништија инекциите, ама тоа мислам повеќе психички сама си го направив. Со лесно и позитивни мисли, ќе помине додека да трепнеш.
Да, ерготилот, многу боцкања некако ми се видоа, сум заборавила од првиот пат. Ама па од прв ден дома бев како нова, се сама за ништо не ми требаше помош.
Јас вториот пат не ги сетив, ама првиот царски не сум можела да спијам од нив. Преболни се, сега ми се плаче кога ми текнува.
Јас уште кога ќе влезеше сестрата ми идеше да избегам од собата, а па кога ќе ме боцнеа офоф колку си офкав, пцуев абе хаос. Ништо друго не ми е останато во лошо сеќавање освен боцкањата. Да не се тие можеби и би се нафатила за 3 дете некогаш, ама сега за сега јок нема шанси. Ќе чекам да подзаборавам некои 5 6 10 години. А до тогаш мислам дека веќе нема да сакам назад на бебе фаза.