Мајки дали е нормално да не си го осеќам местото на некои делови од стомакот, поточно над раната делот? Не го чувствувам на допир, ниту пак кога пробувам да се штипнам не го осеќам.. Инаку породена сум пред 3 месеци.
И после седум години од втор царски, јас уште не го осеќам целосно делот од кожата над лузната. Минимален е осетот, тешко дека некогаш целосно ќе се врати, оти нерви се сечени.
Преболно исто, прво инфузија со ерготил, одма после неа за болки ни ставаа ама дур течеше оваа првата болки огромни
Кога се пораѓаш со царски и нели те носат сама во соба одмораш, јас лично заспав по многу кратко се породив кон навечер после 2 дена провокации и болки. Ноќта така ја поминав спиејќи, бебето ми го донесоа малце уште кога не бев заспана и го зедоа ми рекоа ти сега одмори, и тоа беше, утредента веќе, утрото, ми го донесоа и го ставив на града, и сега ме интересира за тоа време му дадоа на бебето Ад млеко ? Пошто по природен пороѓај веднаш се става на града, ама со царски не е така, барем кај мене.
Колку време ве болел стомакот на допир т.е органите сите ги осеќам на допир боли цел дтомск уште ми е опуштен 12 ден од царски сум... Раната веќе не ме боли ама стомакот ми шета цел и на допир цел боли
И мене ме болеше. Знам и после месец дена кога бев на контрола кога ми шеташе матичната со ехото низ стомак, тоа ме болеше. После некое време се стабилизира. Минливо е.
Мене ме Болеше месец дена сигурно ама дрка носев мидер болките не ги осеќав. Јас бев запрепастена за стомакот од кга ми спласнаа отоците викам зар вака ќе оатане цел живот како пифтија, среќа се среди после година и пол сигурно
Нас ни кажаа дека само за природно породување го пуштаат сопругот, за царски не им било по протокол. Ако некој има друго инфо нека сподели зошто и ние сме за истото заинтересирани. Не знам и во Ремедика каков е ставот околу ова.
Толку ве болеа инекциите? Јас во странство сум породена, примав 5 во болница и 5 дома, не дека е пријатно чувството ама дефинитивно не беше толку страшно, два пати морав сама да се боцкам и успеав.Изгледа јас многу висок праг на толеранција на болка иам, оти стварно не ме болеа кој знае колку Мене раната ич не ми е убава, набабрена е и доста голема, испакната, уште ме чеша и уште ми е отрпнато околу неа, ете веќе 6м поминаа и нема многу разлика, а на промена на време знае и да ме боли. Немав проблем со неа со зараснување и слично, ама сепак неубаво ја осеќам, мислам дека таму многу ме искасапија.
Испакнатото можеби и ќе се среди, кај мене беше црвена долг период едната половина и маце подуена и се среди после 2 год од пораѓај
Тие сама што ги имаш ставано се или фраксипарин или клексан, и ваму ги примаме на болница и дома, а на болница дават ерготил за собирање на матката дека царски не се враќала сама како со природен пораѓај.
Јас пак не се сеќавам таму такво нешто да ми даваа, можно е без нив да се помине? Оти стварно немам осетено таква болка, а и само едни ми даваа овие што ги зборам, мислам клексани беа да.
Првата инфузија беше одма после операцијата и таа не се сеќава дека уште анестезијата не беше пуштена, ама после тие другите многу болеа. Матката се стега се собира.. Можеби е до прагот на толеранција на болка, јас ич не поднесувам болка а за првиот царски не се сеќавам толку да ме болеше.
Мене тие инфузии не ме мрднаа, цимерката ми кажа дека било болно. Дали оти јас осетив контракции 100ка од провокациите претходно, па ова помина незабележано. А обично болка ич не трпам, ама ич.
Не бе ништо не осетив дали и јас како Дузи предходно цел ден бев со контракции, уствари 3 дена дека со провокации ме пораѓаа и последниот ден бев со многу болки, после се ми беше песна. А може и дека со тежок пораѓај бев и итен царски јас не знаев кај сум два дена после тоа, може ми ставале ама јас сум била толку отрпната што не сум ги сетила, среќа.