Се е индивидуално од болка до болка и чуствителност после пораѓај. Некои се ептен осетливи после пораѓај некои се коска жени па затоа. Еве јас трпам секаква болка али заб без анестезија не правам дури и анестезија кога ќе стават јас на игли сум и здрвена додека да заврши.
Мене сите што ги познавам ми ги опишаа ерготил инекциите престрашно, јас дури се зачудив абе како мене не ме боли, се ли е во ред, така да се е индивидуално
Јас од овие инекции такви болки имав ,пцуев и врескав и сакав 5 деца да родам природно. Многу болеше. И цимерката до мене исто. Цела нок врескавме.
Пак ќе кажам за инекцииве, сигурна сум дека повеќе е до мојава психа, првиот царски не ми беше вака. Ама мене на гак, првиот ден на секој 6 часа ме боцкаа, вториот ден на 8 часа и третиот ден на 12 часа, а башка тие други кетонал и клексани, тие не ги ни рачунав како боцкања. Бидејќи само се пазарев со сестрите уште колку, ми кажаа дека докторот што те пораѓал тој одредувал терапија, епа мојов очигледно на најјако ме ставил. Втор царски, да не случајно ми текне на трет да идам.
После пораѓај за контракции на матката во бут,гз тој дел ги ставаат. Во Систина ми ги ставаа на мене ама во придружба со кетонал ме издупија што ме издупија
Разбрав за што се да,ама ми стана чудно зошто јас не сум,убаво се сеќавам на тие денови таму,евентуално во инфузија ако ми имат ставано.
Битола во инфузија ги ставаат со шприц, течеше брзо ама болки јаки. Со првиот царски не памтам толку да ме болеше, ама изморена цел ден со провокации и болки можеби затоа.. Иначе и за природен пораѓај овие контракции на матката болеле со секој нареден пораѓај повеќе, баш @Bubish26 @danichap ќе ги тагнам, кажуваа дека многу ги болело, патем без инекции.
Сигурно се ставани во инфузијата бидејки на моменти имав така јаки болки во матка,ама се издржува. Изгледа за овие инекции секаде е различно.
Точно е дека без инфузија или инекции имав многу јаки контракции после природен, буквално болките како на 4-5цм отворање. Со првото немав никакви болки, а вториот пат се грчев. @lackygirl
Јас ептен сум била издрогирана тогаш штом не се сеќавам на инекцииве, мада јас не се сеќавам на ништо од пораѓај искрено, толку бев у шок, сега дури некои флешови ми се појавуваат што и кко беше после 6м. Може ќе се сетам ама го прашав и мм вели не се сеќавал да сум му кажувала дека многу ме боли нешто ама 100 посто не ми ги удариле, само клексаните на нив се сеќава, може во инфузија биле.
После колку дена од царски можи да се функционира по нормално, нормално да можиш да легниш да станиш?