Некоја тазе што се породила на клиника да ми каже колку се лежи за царски сега? Нешто начув само 2 дена, си велам ваљда не се швркнале да не пуштаат дома со тазе операција толку рано.
Ако ти е прв најтешко оди, мене ми требаа 4 дена, со втор одма нареден станав, боли, ама не е страшно како првиот, дали веќе дека знаев што ме чека којзнае ...
Јас се породив пред некои 4 месеци, втор царски на ГАК, од четврток сабајле дури понеделник не пуштија. И со првиот царски исто скоро 5 дена 4 ноќи седев.
Зависи како оздравуваш, со првото ми беше многу лошо после царскиот и ме задржаа повеќе време, со второто само две вечери ме задржаа ама бев супер.
Во Лондон за еден ден Јас дека ризична бев ме задржаа, а другарка се молеше два дена да ја задржат. Улави се. Инаку јас уште следен ден станав со прв царски и сама се искапев, не болеше многу дека бев со лекови за болка, дома ми беше потешко после една недела кога намалив со лековите. Не заборавајте само кога кивате и кашлате со перница да го претискате стомакот, мене тоа никој не ми кажа и јас ја направив грешката да се искивам така без да се стргам, ќе умрев од болка.
Јас сум породена пред 11 месеци. Во понеделник ме примија, во вторник беше царскиот, во петок ме пуштија.
Јас како падобранец на темава....ама ептен сум во дилема. Првиот пораѓај ми беше природен, значително тежок повеќе од 10 саати бев во породилна сала со разни провокации бавно се отварав а бев со напукнат водењак и претходно 3 дена лежев во болница , бебето накрај затоа што беше преголемо се заглави во породилниот канал и со вакум го извадија. Бевме во опасност и двајцата... Поради се што поминав би се одлучила второто породување да е царски . Кои се предностите, а кои недостатоците на истиот според вашето искуство ?
Мене да ми е овој памет второто ќе го одев природно, немав индикации за царски, ама дека си бев приватно и не сакав да се мачам, па реков нека е и второто царски. На втор царски едвај ме погодија спинал у кичма, другарка моја после недела дена истото ја снајде, со неискусен анестезиолог (гледам ја нема веќе у Систина , или и дале шут, или се пензионирала лудачата) ми направи огромни трауми. Еве сега сум бремена со трето, морам царски и никој не те прашува дали сакаш или не. Самиот по себе е операција, да не те плашам, не знам како е природно, ама јас доста тешко и во болки го поминав првиот, мислев цела утроба ќе ми излезе и ќе ми се истури, премногу болки имав и не можев да станам од кревет и ме силеа сестрите, бев многу преплашена и тешко го минав. Вториот како песна, ама веќе сечена бев таму така да некако дали веќе знаев што ме чека па полесно си го поминав. Со природно ќе станеш одма, царски секако прв ден од кревет не мрдаш, втор ти вадат катетер намерно да станеш бар за мокрење до вц и те тераат да движиш малце, трет веќе повеќе те форсираат да одиш и четвртиот ден те отпуштаат. Колку повеќе движиш толку побрзо ќе пушти, што не значи дека ќе леташ, ама помали се тегобите. Ти си знаеш на крај, ама јас да би можела да се вратам назад второ никад не би го раѓала царски.
Предност за царски е што не се мачиш. Друга предност не гледам. Ама после е оф мори мајко. Сите тие што ги знам, а се породени со царски (мораа така), го кажуваат ова. Не можеш да станеш, мораш полека да се движиш. Имаш болки заради раната. Сестра ми цел месец едвај стануваше од кревет. Јас природно немав гајле. За два саати станав.
После првиот царски јас не можев да функционирам во болница. Ама дома како нова бев, движев, бањав бебе, правев ручек, чистев, буквално се од 5ти ден натаму. Не е до толку страшно, додуша зависи од карактер на жената и други фактори секако, но сепак е операција и е каде каде потешко него природен пораѓај...
Па не знам ама стварно е проблем да се дојде до место и реално тие што се природно и во добра состојба ги пуштаат порано па така се ослободуваат кревети.