Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.780
    Пол:
    Женски
    јас 1 месец крварев,ама како што кажаа и другите кај секого е различно,некој подолго време некој по кратко
     
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Лелее ова со царски рез е ептен за никаде. Од анастезијата три дена ме боли рбетот вратот и главата. Немозам да се исправам само лезам. Здравје за другото природно ке сакам ова е многу болка.
     
  3. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    А каков царски имаше , тотална или епидурална? Јас сакам царски рез...Многу ми е страв природно...
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    39.510
    Пол:
    Женски
    Од царски после се болките верувај , операција е тоа, Ако можеш (а можеш) подобро е природно да се породиш! Не толку страшно колку што имаш претстава дека е :?:
    Јас сум природно породена ,без никакви сечења и слично и наредниот ден си бев веќе фит и во движење 8)
     
    На girl1985 и danielka0507 им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.536
    Пол:
    Женски

    Мора да се движиш, не смееш да лежиш. Инаку ептен ќе ти биде тешко. Јас станав наредниот ден, ме болеше, ама издржав. Мене повеќе ме болеше грбот од тие најлоните што ги ставаат под чаршавите за да не протече крв на душекот, бидејќи потев од нив, потта се сушеше на мене и се преладив. А инаку, болки од самата рана нешто посебно освен очекуваното немав. Од анестезијата исто немав проблеми, фала му на Бога. Ќе ти помине брзо и тебе, само гледај да не залегнеш. Колку повеќе се движиш, толку побрзо ќе се опоравиш.
     
    На Mikako и meU им се допаѓа ова.
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Имав спинална анастезија. Не бев со целосна сакав да го видам кога ке се роде бебето. Ако мозете природно рагајте оти ова е неподносливо. Секако дека на сите анастезијата не му делува исто ама да не даде господ да ве снајде ова моето.
     
  7. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Што ми те снајде сонце? ;( ;( Кажувај ако може некако да ти помогнеме , вака не плашиш :(
    Викаат дека било нормално после царски да биде поболно се , и кичма и рбет и глава, ама после две -три недели поминувало се, само да се пазело на раната да не се инфицира. Снаами не пазеше на раната па и се инфицира се па и се искомплицира и што да ти кажувам, ама за болките во рбетот и грбот рече дека за 10-тина дена ништо не чувствувала ....

    А јас баш се мислам како да терам , царски природно со епидурална , оф леле :(
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.536
    Пол:
    Женски
    Ивановичка, сите лекари одат на природно породување како прва опција. За епидурална на ГАК треба да имаш дебели врски, тоа да си знаеш. А царски рез, кој може да биде со општа или спинална анестезија, се применува кога мора итно да се вади бебето од некоја причина. Одлуката за начинот на породување не е на мајката, туку како ќе одлучи лекарот. Ајде, не се нервирај пред време. Јас после царскиот стварно немав проблеми, да не се подречам. Уште во болница се движев без проблем, си го имав детето со мене, го доев, го пресоблекував, исто кога си дојдовме дома.
     
    На bittersweet и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.795
    Пол:
    Женски
    Одлуката за царски би требало да биде исклучиво на докторите, на трудниците не би требало да им биде презентирано како опција, особено кога е апсолутно непотребно, заради страв од болки при природно породување.

    Дали воопшто знаете што се случува при цезареата?
    Се сечаат три слоја на стомакот, после тоа се сечи матката за да се извади бебето, после царскиот поради сечењето на матката секоја наредна бременост е помалку или повеќе ризична.

    Никогаш не би се подлегнала доброволно под ваков ризик само заради страв од болки, природното породување боли само додека да се породиш и 4-5 дена после тоа, царскиот може да остави трајни последици.

    Цезареата е за спасување на животот на мајката и бебето кога нешто не е во ред а не е начин на избегнување на болките од природно породување.
     
    На simoncelicius, eli25, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Само природно породување, се разбира освен во други случаи кои ќе ги определат докторите.
    Некоја глупава нова мода, ќе се пораѓале намерно со царски рез ...помалку болело!

    НЕМА ВРСКА...ЦАРСКИ РЕЗ е најболното продилно искуство
     
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е така, но многу ми е страв природно..Ама премногу...Секој ден само на тоа мислам...Ај мене ако ме боли ке издржам, ама ми е страв да не направам нешто со бебето...Многу голем паничар сум...
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.536
    Пол:
    Женски
    Даниелка, и мене ми беше страв. Можам да замислам како ти е. Кога ми кажаа дека имам контракции кои не ги осеќав (а се видоа јасно на ЦТГ), ми се чинеше дека ќе умрам од страв уште пред да се породам.
    Царски рез само ако мора! Не за џабе се вика природно породување, начин кој природата го одредила, начин како сме предодредени да раѓаме. А цезареата е сепак операција, која иако е рутинска, сепак не е безопасна.
     
  13. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    лелелеле значи ја сечат и матката за царски рез?? :sweat: Аууууу сега па ептен ме исплашивте и така ми е страв мене и те природно и те со царски рез, ама кога слушам вакви работи како ли ќе издржам на пораѓај :tmi: :(
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.536
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека ја сечат, како инаку ќе го извадат бебето?
    Бидејќи се работи за операција, докторите следна бременост препорачуваат барем после две години, за да може убаво и целосно да заздрави. Макар што тоа зависи од организмот.
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    39.510
    Пол:
    Женски
    Па Калиас нели бебето во матката е :$ како би го извадиле инаку :^)
    Делам мислење со Битерсвит царски да не доаѓа како опција кај мајките ако се е во ред со нив нели :)
     
  16. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Леле сега ептен ме замисливте, што и како да правам, ако е така со царскиот онда да се избегне како опција е најдобро, јас имам доктор свој на клиника и тој ми ги даде сите три опции да си бирам ако сакам ,дури и вчера кога разговаравме ми даде и опција ако одам на царски да си одберам и датум за пораѓај ама јас си реков подобро е дома да си размислам добро бидејки се работи за мене и моето бебе и не треба да се избрзува, искрено сакав и со вас овде да се консултирам која е најдобрата опција од ваши искуства ама сега искрено размислувам после се што прочитав за царскиот дали ќе биде најдобро епидурална бидејкки имам страшни болки во грбот (не се од бременоста , од предходно се , ) па незнам дали ќе можам да издржам дополнителни болки .... леле стварно ме фаќа нервоза а треба да се чујам со докторов викендов евентуално најкасно во понеделник за да се договориме што ќе правиме ....уф :|
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ајде доста со овие муабети, џабе се плашите и си создавате паники!

    Било со царски или природно - битно е да сте здрави и живи, и вие и бебето, и тоа е тоа. Нема планови како ќе се пораѓате (тоа го прават докторите за вас), ниту планирање и предвремено спремање за болката преку споредување со други мајки!
    Еве, јас лично ПРЕКРАСНО поминав на царскиот. Нит глава ме болеше, нит имав вртоглавици, ништо. Млеко уште следниот ден ми надојде, си ја доев малата од веднаш. Раната нормално ме болеше, ко за операција во која бебе извадија од мене, ама ништо да припаднам во несвест. Сме поминале 9 месеци со тоа бебуле во стомакот, а тука се плашиме и кукаме како ќе се пораѓаме неколку саати...ајде да не ве наплескам сите и со ќотек да ве испратам на пораѓај! :!:

    Реално да, стравот ви е оправдан, и јас го поминав, и сите мајки го поминавме, ама во еден момент седнав и си реков: Ова бебе, вака или така, мора да излези. Што се неколку саати, па и неколку дена, во споредба со 9те месеци во стомакот, и целиот живот пред нас со нив???

    И немојте да се плашите од царскиот, ниту од природниот пораѓај - едниот е измислен за спасување на мајката или бебето или во ситуации кога природниот би бил ризик (како карлично поставено бебе, прееклампсија и други предиспозиции) а природниот си е природен и тоа е тоа :)
    Ајде малце пооптимистично, ве очекува ролеркостерот на животот, а вие сте се упрпале од неколку саати болка. Пуштете го мозокот на релакс, телото исто така, слушајте омилена музика, гледајте комедии и галете си го стомакот, оти кога ќе се породите друга песна ќе пеете, кога арија, кога турбо фолк :D
     
    На PrettyWoman2, HeidiDiWalt, pepita82 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    И јас се приклучувам кон сите оние кои сметаат дека на царски се оди само ако се мора.
    Јас сум царски и нормално си има болки после операцијата(всушност како и после секоја операција), сега имам болки кога се менува времето, сеуште ми смета и ме боли при подолго одење,стоење, поголем напор... Воопшто не е лесно и интересно како што изгледа.
    Јас и покрај тоа што сум паничар, плашлива, се плашам од крв зимање(паѓам во несвест), сакав природно да се породам и мислам дека многу помалку ќе ме болеше а и полесно ќе поминев(посебно зошто прцлата се роди ептен мала), но ете мораше царски.
    А последици остануваат за цел живот... прво самото место е како отрпнато, а потоа и болките при промена на времето.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Па да, нормално и логично е за да се извади ќе треба да се сече и матката, ама досега не сум помислувала на тоа како детално се прави, а сега откако го ставив добро на ум се плашам уште повеќе и се мислам што и како ќе биде, иако сеуште не се знае ни кај мене како ќе се пораѓам, одиме прво на природно како што ми кажа докторката па во крен случај ако треба и е неопходно за царски тогаш ќе одиме на царски....нема што сакам јас, докторите ќе кажат као треба уфффф како се наближува времето така јас умирам од страв :( :tmi:
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ова поминува со тек на време, ете јас веќе го немам тоа чувство :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.