На почетокот ми викаа не и до сега немам носено, ќе пробам, се надевам не е предоцна и ќе има промени.
Не е предоцна не се секирај. Не е убаво одма, ама после месец дена е топ. Мада јас и порано го носев, некако раната ми ја држеше . За вежбање треба да се праша, мислам дека со вежбање може дури после 6 месеци. За мидерче нема никаков проблем.
Дали некоја што е породена царски имала како болки во мочниот меур, и непријатност при мокрење? Исто стомакот како да ми е утрпнат и болен на допир?
Кога си породена? Непријатност јас лично немав, а утрпнат е нормално сечени се толку многу слоеви.. ја може едно 6 месеци не го осеќав местото,и да беше болен..
Јас би отишла на лекар, со отици после царски нема шала, склона си кон згрутчување на крвта и секој оток е алармантен.
Појди на лекар обавезно Јас веднаш после царскиот имав мн отоци кои ги немав во толкав интензитет во бременост и кренав притисок и ми се намалија кога почнав да ја примам класичната терапија за притисок, а исто и клексани примав
Да Вчера прашував за вежбање Гинекологот ме загркаваше ми вика чекај прооди првин па после 4 месеци ќе почнеш со поинтензивно пешачење па после вежбање
Мајки породени со царски во Систина, може да споделите искуства. Може и конкретно за доктор Бојаџиев. Имам тука на форумов за него добиено мислење, но сепак ако има и други може да ми пишете. И општо од целата процедура, нега, како сте задоволни?
За нешто слично одев по лекари јас. Скоро ми се случи ваква непријатност да осеќам, 7 месеци после пораѓај. Како притисок, тежина долу ниско кај резот, мочен меур, дебело црево.
Мене ми е како кога си настинат и такво некое глупо чувство,секако сум на контрола деновиве ке си прашам.
Ајде да напишам и јас искуство со втор царски.Се породив во петокот на 1ви.Со спинална анестезија беше,само што овој пат многу осеќсв тегнење влечење без болка ама језиво малку, а со првиот царски не осеќав ништо.Во однос на закрепнувањето многу полесно од првиот пат.Со лесно на сите
Бремена сум со второ.Бебево се свртело карлично утре точно 8 месеци сум. Со првото сум породена царски иста причина-карлично бебе исто некаде 7 ипол месеци кога влегов се сврте. Не знам до мене ли е до децава ли е. Бебето супер си напредува супер ама сакам да се сврти нормално ми прави болки,имам лажни контракции болки меѓу нозете на бутовите ли како и да се вика..Некоја со слично искуство ?
Породена во 2ипол, ме станаа со сите од кревет во 9ипол .... Цркнаввв викавв мислев ми се распадна раната
Како јас да сум го напишала постов. Исто. 30 недела, на преглед свртено карлично. Првото ми е природно. Не знам од што причина се свртело ова. Исто имам болки во препони, горе во ребра...
Јас се имам два пати породено царски кај него. Докторот е врв, повеќе пати имам пишано. Ако имаш некои конкретни прашања слободно пиши ми Со лесно.
... Не знам дали повеќе ме болеше од страв или од резот. Сабајле не разбудија во 6 пак за боцкање и да станеме. Полесно беше
Не знам што е работава од една страна ајде очекував да бидам пак царски ама од друга страна ме мисли зошто пак карлично. Понеделник треба да одам за последни брисеви,па ќе разговарам со докторката да си ги тргнам мислите.Толку многу се разочарав што мислам целата возбуда ми исчезна..башка со болки утрогестан и магнезиум пијам болки ненормални во нозете.Оффф нека се роди живо и здраво,па другото ќе помине. Со лесно